Одбележан 22 март - Светскиот ден на заштита на водите

Скопје, 22 март 2011 (МИА) - Под мотото „Вода за градовите: одговарајќи на урбаниот предизвик“, денеска во Скопје е одбележан 22 март - Светскиот ден на заштита на водите.

Слатката вода претставува ограничен и драгоцен ресурс, неопходен за одржување на живот со кој се обезбедува социјална добросостојба, економски просперитет и здрав екосистем. Оттука, смета министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, кој во Клубот на пратеници се обрати по повод денешниот ден, управувањето на водените ресурси мора да ја третираат потребата за еднаков пристап и нивното одржливо користење во интерес на општеството.

- Грижата за животната средина, а пред се заштитата на водите е примарен фактор кој не загрижува, обврзува и упатува на мултидисциплинарен пристап и комуникација меѓу сите заинтересирани страни. Владата и Министерството будно ги следат барањата на европското семејство во доменот на управување со водните системи и ги спроведуваат барањата на европските директиви, рече министерот Јакупи.

Тој потенцираше дека мотото на денешниот настан претставува една од основните мерки за спроведување на Програмата на мерки од Планот за управување со речен слив, кои, истакна, Владата ги има зацртано во новата национална законска Рамка за води, што почна да се спроведува.

Според Јакупи, во земјата нема граѓани кои немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење, но системите треба да се надоградат. Во наредниот период, најави, ќе бидат заокружени сите пречистителни станици, а сите населени места ќе се снабдуваат со филтрирана вода за пиење.

Владата пред една недела, како што рече, одобрила 800 илјади евра за изградба на филтер станицата за вода за пиење за Тетово, како еден од критичните региони, како и за липковскиот крај, за кој се обезбедени средства за крајната фаза. Министерот подвлече дека се работи интензивно на подобрување на севкупната состојба со водите.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски кој присуствуваше на одбележувањето рече дека денешниот ден е добра можност да се потсетиме за важноста на водите. Градот Скопје, истакна, во изминатиот период посветил големо внимание на оваа област.

- Лани Градот направи проект со кој се испитуваат подземните и површинските води на изворот Рашче, на бунарите во Нерези и на скопската околија за влијанието на факторите кои може да придонесат квалитетот на водите да биде оневозможен. Долгорочно ќе ги следиме причините поради кои се загадуваат водите на скопската котлина, а и во иднина ќе се ориентитаме кон заштита на водите, изјави Трајановски и апелираше граѓаните економично да ја користат водата.

Во рамки на денешното одбележување, беше промовирана нова опрема и возило на ЈП „Комунална хигиена“ кое треба да ги открива сите дефекти што ќе се појават на водоводната мрежа, а не може да се видат со голо око. Според директорот на претпријатието Сашо Лазаревски, ова е најсовремена опрема во регионот која ќе придонесе скопјани да пијат здрава вода. Тој најави дека и во иднина ќе се инвестира во набавување современа опрема.

Хидрографската територија на Македонија претставува уникатен базен на Балканскиот Полуостров и пошироко, бидејќи повеќе од 80 отсто од водните ресурси се формираат на територијата на земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...