Подготвени сме за предвремени избори

Скопје, 5 април 2011 (МИА) - Подготвени сме да организираме фер и демократски избори. ДИК секогаш со успех ги завршува изборите, тоа ќе се случи и овојпат, изјави денеска на прес-конференција потпретседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Субхи Јакупи.
 
Јакупи денеска информираше дека на 30 март е извршено Пренесување на право на користење на е-избирачки список од страна на Министерството за правда на ДИК. Електронскиот избирачки список може да се проверува преку веб страницата на http://www.sec.mk. На сајтот постои таб-избирачки список и со негово активирање се отвора веб страница со упатство за користење на кое се внесуваат лични податоци за лице кое сака да се провери дали е во избирачкиот список и на кое избирачко место може да гласа. Сите лица, посочи Јакупи, кои не можат да се најдат во избирачкиот список или имаат проблем со начинот на употреба на е-избирачкиот список може да ја контактираат ДИК преку имејлот izbirackispisok@sec.mk или во подрачните одделенија на ДИК, кои веќе се во функција при оваа институција од мај 2010 година, а ги има 34 во поголемите градови.
 
Податоците во Избирачкиот список се ажурирани заклучно со 31 јануари 2010, а запишани се над милион и 800 илјади граѓани. Според Јакупи, ова е реална бројка на гласачи иако Македонија има околу два милиони државјани. - Ние ги добиваме податоците од релевантните институции и не можеме ниту да ги зголемиме ниту да ги намалиме, вели тој. Бројот на државјани на Република Македонија, според него, е според пописот во 2002 година.
 
Во однос на измените на Избирачкиот список, Јакупи вели дека со дел од нив се ублажуваат можните технички проблеми што би се појавиле особено во однос на гласањето на дијаспората, за што ДИК треба да донесе и дополнителни подзаконски акти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...