Баросо и Филе во посета на Македонија

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо придружуван од еврокомесарот за проширување и соседска политика Штефан Филе денеска ќе ја посетат Република Македонија во рамки, при што ќе остварат средби со македонскиот државен врв.

Предвидено е претседателот на Европската комисија Баросо со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов да одржат предавање на тема „На патот кон интеграцијата во ЕУ: Партнери во реформите за наша заедничка европска иднина“.

Како што најави кабинетот на претседателот на Владата, Баросо и премиерот Никола Груевски ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарна средба на делегациите на Република Македонија и на Европската комисија.

Најавени се и средби на Баросо со лидерите на СДСМ и на ДУИ, Бранко Црвенковски и Али Ахмети.

Портпаролот на Баросо, Микаел Карничниг во изјава за Дојче веле вчера рече дека претседателот на Европската комисија при утрешната посета на Македонија посебнно ќе инсистира на потребата од еден вид историски договор меѓу различните политички сили и на култура на компромис заради европска интеграција на земјата.

- Стратегиската цел на посетата на Баросо и комесарот за проширување Штефан Филе на земјите од Балканот е многу јасна - да се зацврсти нивната европската перспектива, додаде Карничинг.

Еврокомесарот Штефан Филе, пак, неделава, на расправата по резолуцијата за Република Македонија во Европскиот парламент во Стразбур, порача дека Македонија постигнала значаен напредок во многу области, но оти треба и понатаму да работи на реформите во политичкиот дијалог, правосудниот систем, слободата на медиумите. Нагласи дека Македонија во моментов се наоѓа на вистинска раскрсница.

- Или таа ќе продолжи на патот кон ЕУ со взаемна корист, или ќе заостане додека регионот напредува. Затоа време е и потребно е да бидеме на нивото на нашите одговорности, рече Филе.

Меѓу пораките кои во Охрид лично ќе ги пренесат Баросо и Филе, а беа посочени и во Стразбур, е потребата за одржување на регуларни, транспарентни и слободни избори во Македонија во согласност со меѓународните норми, како и за поголема одговорност на сите политички партии, кои во регионот имаат тенденција кога се во опозиција да ја бојкотираат работата на парламентот.

Со посетата на Македонија Баросо и Филе ја завршуваат нивната балканска турнеја, во рамки на која ги посетија и Хрватска и Албанија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...