Прогласена епидемија на мали сипаници

Скопје, 12 април 2011 (МИА) - Министерството за здравство попладнево прогласи епидемија на мали сипаници - морбили. Досега се регистрирани 678 случаи заболени од ова високо преносливо вирусно заболување или територијално две третини од Македонија каде живее повеќе од 50 отсто од населението, што е причина за прогласување вонредна состојба.

Министерот за здравство Бујар Османи на денешната прес-конференција изјави дека донесен е заклучок да се вакцинираат сите лица од шест месеци до 40 години на целата територија на Македонија кои досега не ја примиле вакцината против мали сипаници, особено најранливата група на деца до пет години, каде не се исклучуваат фатални последици.

Моментално во Скопје се регистрирани 424 болни лица, хоспитализирани се 30 пациенти со тешка клиничка слика, од кои најголем број се од 20 до 35 години, а пет се на возраст до една година и помали кои досега не биле подложни на вакцинација. Од сите заболени, повеќето се невакцинирани, мал број имаат примено само една доза вакцина, што значи дека се некомплетно заштитени и ретки се случаите кои имаат примено две дози вакцини.

- Не треба да се создава страв или паника, бидејќи епидемија значи само адаптирање на системот на одредени вонредни околности и работење под посебен режим. Секојдневното движење на граѓаните ќе продолжи без ограничувања. Сметам дека е среќна околност што во земјава има висок опфат за вакцинација, без неколку проценти речиси целосно покривање, а ова е особено значајно, бидејќи со ваков потенцијал на пренесување, доколку има слаб опфат би имале проблем со многу поголеми димензии, рече Османи според кого треба многу да се внимава поради специфичната состојба и постојаното зголемување на заболени лица.

Тој најави дека вонредно ќе бидат вклучени човечки и материјални ресурси, ќе биде креирана таканаречена „брза патека“, што значи создавање пунктови на лекари и медицински тимови во градовите каде граѓаните што имаат симптоми на морбили ќе може да ги користат услугите на тие медицински лица, но ќе се создаде и можност матичните лекари да даваат неограничено упати за инфективните одделенија, без притоа Фондот да им ги пресмета во квотата за упатување. Болниците ќе треба да обезбедат посебни влезови и стационарни одделенија за згрижување на пациентите со морбили, а ќе се воведе и ограничување на посети во болниците.

- Се даде препорака до матичните лекари во моментот кога ќе имаат случај на заболен од морбили телефонски да информираат во центрите за јавно здравје, заради континуирано следење на промените. Засега се препорачува дезинфекција и проветрување, највеќе во образовните институции, додаде Османи. Тој смета дека генезата на ширење на болеста е Република Бугарија, преку Струмица каде се преземаат активни мерки на вакцинација.
Исто така, одлучено е екипи да одат на терен во селата и да промовираат вакцинација, а утредента населението кое има потреба да се вакцинира. За време на вонредната состојба ќе биде вклучен дополнителен кадар, опрема и возила.
Морбилите се сериозно заболување кај кое не се исклучува смртен исход. Овој вирус може да го нападне централниот нервен систем, а компликации кои се причина за хоспитализација се воспаление на белите дробови и воспаление на средно уво.

Во последните три години ова заболување е забележано во Република Бугарија со околу 24.000 случаи, во Велика Британија, Швајцарија, Холандија..., а годинава чести случаи на морбили почнале да пријавуваат Данска и Србија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...