Предизборен конгрес на СДСМ

Скопје, 2 мај 2011 (МИА) - СДСМ денеска во Скопје на партиски конгрес ги утврди пратеничките листи и носителите на листите во шесте изборни единици, како и предизборната програма за претстојните предвремени парламентарни избори.

- Конгресот на СДСМ донесе три крупни одлуки - усвојување на предизборната програма, одлука за предизборна коалиција и утврдување на пратеничките листи и носителите на листите. Предизборната програма е обемна, конкретна, би рекол и владина програма со многу конкретни и храбри решенија кои драматично ќе ја сменат иднината на Македонија, изјави потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев по завршувањето на конгресот.

Тој посочи дека на конгресот е донесена одлука за предизборно коалицирање со 15 политички партии.

- Меѓу нив се НСДП, ПЕИ, две партии од турската националност, онаа на Аднан Ќахил и на Ердоган Сарач, една од ромската национална припадност, ПЦЕР на Самка Ибраимовски и уште десетина други поголеми или помали партии, појасни Георгиев.

На конгресот, нагласи, се донесе и одлука за кандидатските листи и додаде дека носителите во сите шест изборни единици ќе бидат од СДСМ.

- Во првата изборна единица носител на листата ќе биде Радмила Шеќеринска, во втората Ана Павловска Данева, во третата Стевчо Јакимовски, во четвртата Зоран Заев, во петтата Јани Макрадули и во шестата Стојко Пауновски, автентично решение од Општинската организација на СДСМ од Тетово, рече Георгиев.

На кандидатските листи, посочи, не се наоѓаат имињата на Владо Бучковски и Бранко Црвенковски, но тие, како што кажа, ќе бидат на браникот на СДСМ за да ја обработат победата на СДСМ на 5 јуни.

Георгиев потврди дека на листите се наоѓаат имиња на новинари и тоа на Сафет Бишевац како претставник на Санџачката лига, како и Ленче Николовска за која рече дека е експерт од А1 телевизија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...