Не сум бил соработник на тајните служби

Скопје, 3 мај 2011 (МИА) - Лидерот на Титовите леви сили и советник во Советот на Град Скопје Слободан Угриновски тврди дека Комисијата за лустрација не располага со никакви релевантни докази, документи, дека тој бил соработник со тајните служби.

Тој денеска на прес-конференција посочи дека Комисијата располага само со еден допис од УДБК, во чиј прилог биле доставени барање од нивен одговорен работник од тоа време на СВР до началникот да се отвори соработничко досие на негово име во 1973 година кога бил студент. Понатаму, додаде, бил доставен предлог да му се подари пенкало вредно 540 динари за нова година, како на претседател на Сојузот на студентите на Македонија и барање да се укине соработничкото досие на негово име.

- Не постои никаква, ниту усмена, ниту писмена изјава од мене, ниту пак лица или организации за кои сум давал изјави или пак предизвикал последици по нив, а камо ли да сум примал одредени парични средства, напредувал во службата или некого обвинил за некое дело. Мене не ми било познато дека моите службени контакти ги третирале како соработнички и оти се водело досие за мене како „соработник“, рече Угриновски.

Тврди дека претставниците на службите што го контактирале како претседател на Сојузот на студенти на Македонија повеќе него го информирале за актуелните состојби и настани за и околу студентите и државата, отколку тој што давал информации. Угриновски вели дека не го признава Законот за лустрација, a Комисијата за лустрација за него е нелегитимна.

Најави дека ќе се повлече од функцијата член на Советот на Град Скопје, која, посочи дека ја поднел од лични причини претходно.

Прашан за претстојните предвремени Парламентарни избори, Угриновски рече дека партијата ќе коалицира со СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...