Истекува рокот за поднесување кандидатски листи за пратеници

Скопје, 5 мај 2011 (МИА) - Рокот за доставување на листите со кандидати за пратеници за претстојните парламентарни избори до Државната изборна комисија истекува ноќеска на полноќ.

По приемот на листите, ДИК ќе организира жребување за утврдување на единствената листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија  на 13 мај.

Синоќа на полноќ истече рокот за пријавување за гласање на македонската дијаспора за претстојните предвремени парламентарни избори истекува. Според податоци на Државната изборна комисија, за гласање во македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство до вчера се пријавиле околу 2.000 иселеници. 

Сите македонски граѓани чии пријави ќе бидат потведени од ДИК ќе можат да го остварат своето право на глас на 4-ти јуни, ден порано од денот на изборите во земјава.

Македонските државјани од дијаспората треба да изберат тројца пратеници во Собранието на Македонија, по еден од трите изборни единици - Европа и Африка,  Северна и Јужна Америка, и Австралија и Азија.

Синоќа на полноќ истече и рокот во кој граѓаните можеа да извршат увид во Избирачкиот список и доколку имаат забелешки да достават барања за бришење или измена на податоци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...