ЕК ќе предложи заштитен механизам за визниот режим

Брисел, 24 мај 2011 (МИА) - Европската комисија денеска треба да го утврди предлогот за воведување механизам за брзо привремено враќање на визниот режим за одредени земји и тоа во „вонредни“ ситуации, но тоа, како што велат нејзиници пертставници, не значи и повторно воведување на визите за граѓаните на Србија и Македонија.



Советот на министри на Унијата на 9 и 10 јуни во Луксембург треба да го усвои предлогот на ЕК, кој го поднесе комесарката Малмстром пред министрите за внатрешни работи на земјите-членки на 12 мај. Малмстром тогаш нагласи дека, за разлика од сегашната долга процедура, во иднина визите би можеле да бидат вратени за некои земји по итна постапка, доколку „безвизниот режим предизвика нерегуларна имиграција од големи размери, или доколку дојде до злоупотреби, односно биде доведена во опасност безбедноста на ЕУ“.

Во пракса тоа ќе значи промена на Уредбата 12 за визите во која ќе се овозможи вонредно враќање на визниот режим за одредени земји. Европската комисија уште на почетокот на годинава воведе засилен надзор над спроведувањето на безвизниот режим со земјите од Западниот Балкан, по бранот лажни азиланти кои преплавија дел од земјите-членки на Унијата. Белгија, која и натаму се соочува со голем прилив на лажни азиланти, бараше од Комисијата извештај за досегашните резултати од надзорот, но и одговори од Скопје и од Белград, што ќе преземат за да го запрат бранот луѓе кои ја злоупотребуваат либерализацијата.

Порталот Еуроактив вчера укажа дека „голем дел од оние кои бараат азил, всушност совршено добро знаат дека тоа нема да им биде одобрено, но сакаат да ги искористат поволностите додека трае постапката по нивното барање за азил, а притоа добиваат и одредени суми пари“.

Македонија и Србија, во меѓувреме, најавија поостри мерки за спречување на приливот на лажни азиланти во земјите од ЕУ. Македонската Влада предложи измени на Кривичниот законик со кои злоупотребата на визната либерализација ќе се казнува со затвор до осум години, парична казна до 30 милиони денари и одземање патна исправа. Властите во Белград, пак, најавија дека во иднина српските граѓани кои заминуваат во ЕУ на граница ќе бидат проверувани дали имаат доволно пари, повратен билет и осигурување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...