Македонците и натаму во ЕУ ќе патуваат без визи

Брисел, 24 мај 2011 (МИА) - Нема повторно да се воведе визниот режим за Македонија е ставот на Европската комисија, изјави денеска еврокомесарката Сесилија Малстром. Одлуката важи и за Србија и за останатите држави од Западен Балкан.



- Европската унија ќе продолжи со континуиран дијалог да им дава поддршка на овие држави да работат на намалување на бројот на азиланти во Европа. Мерките кои ги спороведе македонската Влада, вродија со плод, па така, изминатиов период е забалежано подобрување и намалување на бројот на барателите на азил, но проблемот се уште постои, смета Малстром.

Европската комисија донесе одлука за дополнување на визната регулатива, која во моментов нема да се спроведува, во ниту една држава, но претставува заштитен механизам за земјите членки на Унијата и Шенген зоната, доколку во иднина постои опасност за нивната безбедност од неконтролираниот прилив на емигранти.

Во одлуката експлицитно се наведени условите под кои, за државите чии граѓани ја злоупотребуваа визната либерализација, секогаш ќе постои опасност од повторно привремено воведување на визниот режим.

Советот на министри на Унијата на 9 и 10 јуни во Луксембург треба да го усвои предлогот на ЕК, кој го поднесе комесарката Малмстром пред министрите за внатрешни работи на земјите-членки на 12 мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...