Визите не се враќаат

Скопје, 25 мај 2011 (МИА) - Македонските граѓани и денес и утре и во иднина ќе патуваат во Европската унија без визи со своите биометриски пасоши. Владата со мерките што ги презема и ќе продолжи да ги презема нема да дозволи да биде загрозена оваа историска придобивка и сите оние кои ќе се обидат да го злоупотребат безвизниот режим ќе бидат казнети, изјавија на денешната заедничка прес-конференција вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.  



Двајцата, коментирајќи го вчерашниот предлог од страна на ЕК за заштитен механизам, подвлекоа оти јасно е дека најавите за наводно укинување на безвизниот режим се само дел од предизборната кампања.

- Владата им порачува на сите граѓани спокојно да го планираат својот годишен одмор за патување без визи и истовремено сакаме да ги увериме оние коишто несовесно го користат овој безвизен режим да не се надеваат на азил. Не само што нема да добијат азил, туку и нема да поминат неказнети. Сакаме да ги успокоиме совесните граѓани и да ги онеспокоиме несовесните. Два милиони граѓани нема да бидат жртви на неколку поединци што сакаат да профитираат или неколку стотици граѓани со авантуристички дух, рече Наумовски.

Тој упати апел до медиумите, како што вели, да не презентираат лажни факти до граѓаните, а изјавите на претставниците на ЕК да се цитираат точно заради задржување на професионалноста и точно информирање на јавноста.

Јанкулоска од своја страна посочи на мерките кои Владата ги спроведе за, како што вели, да ги коригира грешките на претходната влада и да направи се што е неопходно за да се добие визната либерализација. Укажа на борбата против корупцијата и криминалот при што од 105. место на листата на „Транспаренс интернешнл“ во 2006, Македонија денес е на 62. место, на воведувањето на биометриските пасоши и документи и воспоставениот интегриран систем на гранична контрола. Таа укажа дека во досегашните активности и контроли на МВР спроведени во соработка со другите надлежни институции вратени се 500 граѓани при обид за излез од земјата бидејќи не ја докажале целта на своето патување, а спроведени се контроли и во 64 туристички агенции и 24 друштва за превоз на патници при што изречени се и високи парични казни.

- Ќе продолжиме со ваквите контроли и со ваквите репресивни мерки за да им овозможиме на оние над два милиони совесни граѓани да ја користат визната либерализација затоа што тоа беше еден од врвните приоритети на оваа Влада и останува и за следните четири години. Во соработка со другите министерства ќе продолжиме и со информативната кампања, односно ставање јасно до знаење на нашите граѓани која е точната содржина на визната либерализација, односно за што таа може да се користи, рече Јанкулоска.

Паралелно со ова, таа посочи и на мерките што се преземаат во функција на подобрување на условите на живот и креирање повеќе можности за сите категории граѓани на Македонија. Одговарајќи на новинарско прашање, министерката за внатрешни работи појасни дека Владата со цел за подобрување на инфраструктурата и условите на живот се обврзува во следните четири години да го намали бројот на невработени за дополнителни пет проценти, како што вели, во изминатите четири години нивниот број е намален за шест проценти. 

Запрашана зошто се чекало досега, Јанкулоска со став дека уште од самиот старт на добивањето на визната либерализација МВР во континуитет спроведува информативни кампањи и презема мерки во репресивниот дел. Според неа, актуализирањето на прашањето за спроведувањето на визната либерализација не е поврзано исклучиво со проблемите кои се јавуваат од земјите од Балканот кои добија визна либерализација, туку пред се поради сериозната закана која ЕУ ја гледа во бранот емигранти од Северна Африка и Средниот Исток. 

Вицепремиерот Наумовски посочи дека годинава, наспроти првата година кога е забележан најголем број имигранти од липковскиот крај, во најголем дел тие доаѓаат од југоисточниот дел на земјата, а за досегашните вложувања на Владата за развој на Липковско упати на отчетот на Владата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...