Најден убиецот на момчето кое беше пронајдено мртво

Скопје, 7 јуни 2011 (МИА) - Припадник на специјалната единица „Тигри“  најверојатно со два удари  го усмртил 22-годишното момче кое што ноќта во неделата наспрема понеделникот беше пронајдено мртво на плоштадот во Скопје. 

МВР денеска соопшти дека го расветлила случајот и оти во моментов се разговара со осомничениот, за кој подоцна ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава.

- Според наодите од Судска медицина кои МВР ги добило вчера во 16 часот станува збор за насилна смрт на 22-годишното момче од Скопје. Следува соодветна истрага, изјави портпаролот на МВР Иво Котевски.

Осомничениот, пак, кој ноќта бил на должност на плоштадот, се пријавил сам кај својот претпоставен и според информациите на Министерството воопшто не знаел дека момчето починало.

Случајот, како што рече Котевски, на почеток бил пријавен како „незнаена смрт“ имајќи предвид дека надворешно момчето немало видливи повреди на телото. - Беше информиран јавен обвинител и истражен судија по чија наредба телото беше дадено на обдукција во Институтот за судска медицина, додаде тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...