Нема промена на американските позиции за името

Скопје, 16 август 2011 (МИА) - Нема промена на позициите на САД во врска со спорот за името, изјави  заменик помошникот американски државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Рикер по денешната средба во Скопје со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

- Нашата позиција секогаш била иста. Се надеваме и веруваме дека овој спор може да се реши многу брзо, но тоа е нешто што може да се реши меѓу Македонија и Грција, рече Рикер. 

Тој посочи дека за време на разговорот со новиот шеф на дипломатијата истакнал дека САД се залагаат да не се кочи напредокот на Македонија кон евроинтеграциите.

- Му кажав на Попоски дека секогаш ќе бидеме среќни ако слушнеме дека има промена или напредок. Ако се реши, ќе биде одлично за Македонија за да може да оди напред, рече високиот американски дипломат.

Тој истакна дека САД ја поддржуваат Македонија од нејзината независност и досега инвестирале околу милијарда долари за поддршка на реформите неопходни за земјата да ја исполни својата стратегиска цел, а тоа е членството во НАТО и ЕУ.

Рикер не сакаше да ја коментира резолуцијата донесена неодамна од Комитетот за надворешни работи на Конгресот на САД во која Македонија се именува со референцата и се бара финансиската помош за земјата да биде условена со вклучување на македонската Влада во сериозни преговори за името.

Попладнево Рикер, кој престојува во Македонија по повод 10-годишнината од Охридскиот рамковен договор,попладнево треба да има средба и со премиерот Никола Груевски. 

Ова е прва официјална посета на Рикер во својство на заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, функција на која замина по завршување на тригодишниот амбасадорски мандат во Македонија. Новиот американски амбасадор, Пол Волерс во Македонија доаѓа во септември, а минатата недела положи и заклетва за новата функција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...