Нимиц не планира да излезе со нов предлог

Атина, 4 септември 2011 (МИА) - Во изминатите 20 години имаше моменти кога или кај Атина или кај Скопје имаше волја и флексибилност за прифаќање компромис, но никогаш во исто време, истакнува посредникот на ОН во грчко - македонските преговори за името Метју Нимиц во интервју за „Катимерини“.

Нимиц вели дека по толку години неуспешно посредување, сепак, верува оти решение е можно и се надева дека преку дијалог и конструктивност на раководствата на двете земји би можело да се дојде до заеднички прифатлив компромис. Но, засега не планира да излезе со нов предлог, се додека, како што додава, не биде уверен оти тоа би можело да даде некаков резултат.

- Како што стојат сега работите не е лесно да се стави на маса нов предлог, се додека не се добијат гаранции од двете страни дека има сериозен интерес за таков чекор од моја страна, односно сериозна шанса да биде прифатен како основа за преговори. Во оваа фаза подобро е да не се дава нов предлог, кој би можел да биде одбиен од едната или од другата страна. Досега на маса беа ставени многу идеи кои заслужуваат да бидат разгледани преку дијалогот што се води во ОН или билатерално. Постојано повторувам дека сум подготвен секогаш да помогнам, истакнува Нимиц.

Тој ги поздравува билатералните контакти на премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу, што според него, ги отвора перспективите и овозможува да се претпостави дека е можно да се надминат несогласувањата.

„Катимерини“ во интервјуто со Метју Нимив, наведува и дека според грчки и македонски извори, двете земји биле најблиску до договор во 2001 година во времето на премиерите Љубчо Георгиевски и Костас Симитис и тоа за името „Горна Македонија“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...