Судењето на Бошкоски продолжува на 29 септември

Скопје, 15 септември 2011  (МИА) - Судскиот процес против претседателот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, кој е обвинет за нелегално финансирање на предизборната кампања започна денеска. Тој во Основниот суд Скопје 1 се бранеше со молчење поради влошена здравствена состојба.

Адвокатите на Бошкоски побараа да му се одреди домашен притвор поради здравствени причини, но Судот го одби нивното барање со образложение дека временскиот период до наредното судење е краток и оти Бошкоски можел да издржи со неговата здравствена состојба.

Исказ пред судиите денеска даде Никола Поп Илиев, шеф на изборната кампања и потписник на сметката на партијата. Тој тврдеше дека се што се плаќало за изборната кампања одело преку специјалната сметка на партијата, отворена за кампањата. За водењето на кампањата биле поднесени и уредни извештаи до институциите.

Пред Судот денеска беа собрани членовите на Обединети за Македонија, кои бараат ослободување на Бошкоски.

Полицијата го уапси Бошкоски на 6-ти јуни годинава, ден по одржувањето на предвремените парламентарни избори. Тогаш во неговото возило беа пронајдени 100.000 евра. Оттогаш Бошкоски се наоѓа во притвор во Шуто Оризари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...