Промовирана книгата „Интегрирана заштита на културното наследство - правни аспекти“

Скопје, 27 септември 2011 (МИА) - „Интегрирана заштита на културното наследство - правни аспекти“ од Јован Ристов во издание на Конзерваторскиот центар - Скопје беше промовирана денеска во Музеј на Македонија. Публикација на оваа тема првпат се објавува кај нас, а е новина и за поширокиот регион во Југоисточна Европа.

- Обработува комплексна проблематика за односот кон недвижните добра и нивното опкружување, од аспект на просторното и урбанистичкото планирање, градењето во заштитени подрачја, експлоатација на минералните суровини, развојот локален, регионален, рурален, како и развојот на туризмот, користење на правните и финансиските инструменти на државата за да го помогне правилниот однос кон културното наследство. Оваа книга го прави тој интерсекторски пресек, доближувајќи го тоа и кон стручните, но и кон луѓето што сакаат да бидат информирани за оваа проблематика, изјави Ристов.

Според него, државата има солидна законска основа, приближена до меѓународните стандарди,  но дека  е друга сликата ако се анализира примената на законите. - Во тој поглед заостануваме, но, на нормативно рамниште имаме причина да се гордееме, рече Ристов.

За казнената политика, додаде тој, Македонија важи за земја со умерен пристап. - Во последните неколку години само во прекршоците имаме поголеми казни, но во кривичниот третман сме во земјите со умерен пристап кон деликвенцијата поврзана со културното наследство. Проблемот во односот кон него не е во репресивните мерки. Ние може да имаме и големи казни, но што со тоа ако го загубиме самото наследство. Акцентот е на превентивата, а репресивната мерка само дополнува нешто што општеството не би можело да го премолчи и мора да возврати како казна, рече Ристов.

Промовирајќи го обемниот труд со 580 страници и богата библиографија, рецензентот Јордан Спасески  истакна дека изданието е водич за стручната јавност во функција на навремена едукација за градење свест и однос кон културното наследство и предупредување за опасности од негова злоупотреба или присвојување.  

- Во  Уставот и во другите закони културното наследство се вбројува во темелните вредности со национално значење. Тоа ја детерминира потребата за соодветна правна регулатива која ќе ги воспостави  обврските, одговорностите и правата, рече Спасески, посочувајќи дека во книгата аргументирано е изложена комплексна проблематика што досега не е обработувана. Со тоа, додаде промоторот, Ристов е втемелувач на нова правна дисциплина во Македонија.

Трудот на Ристов е осми од мегапроектот за македонското споменичко право, во кој треба да бидат објавени уште два за да биде целосно заокружен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...