Македонија повторно ќе добие препорака за преговори

Скопје, 5 октомври 2011 (МИА) -  Претстојниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија ќе биде сличен на минатогодишниот, ќе содржи препорака за старт на преговорите, ќе ги нотира постигнувањата, но и областите каде е потребен поголем напредок, изјави на денешната средба со новинарите вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи.

Според неа, тоа ќе биде објективна слика за реалноста во земјата, и оти битно е документот да го прифатиме добронамерно и конструктивно.

- Треба да бидеме задоволни со оглед на задржаната препорака, нотираниот успех и да работиме на подобрување. Не треба да западнеме во евроскептицизам, а тука улогата на медиумите е многу важна, вели Арифи.

Позитивни оцени треба да добиеме за успешно спроведените вонредни парламентарни избори, во делот на политичките критериуми, односно дека земјата ги исполнува Копенхашките критериуми, и за хармонизацијата на законодавството со правото на ЕУ. Забелешки се очекуваат во делот на реформите во судството и администрацијата, каде ќе ни се укаже за потребата од забрзување на реформските процеси, како и имплементација на донесените закони. Во однос на медиумите ќе биде поздравен воспоставениот дијалог меѓу Владата и ЗНМ. Владата, информира Арифи, веќе одлучила да формира работна група со ЗНМ во која покрај неа, ќе членуваат и министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Гордана Јанкулоска и Спиро Ристевски. ЗНМ од своја страна треба да номинира четворица претставници.

Прашана дали третата по ред препорака ќе претставува своевиден притисок за Советот на ЕУ во однос на доделување на датумот за почеток на преговорите, Арифи оценува дека постои простор за влијание со оглед оти одлуката за тоа ќе се носи во декември. Треба да се има предвид, додава таа, и новата димника во регионот имајќи ги предвид очекувањата на Црна Гора и Србија во процесот на евроинтеграциите. Сепак, посочи Арифи, деблокирањето на процесот на евроинтеграции зависи од решавање на спорот за името.

Откако ќе заврши политичката дебата во која секој различно ќе го чита Извештајот, треба да се изготви нов интензивен план за реализација на препораките, вели Арифи.

Пакетот документи со стратегијата за проширување, заедно со извештаите за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ и аспиранти за членство на 12 октомври во Брисел ќе ги презентира еврокомесарот за проширување Штефан Филе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...