Пописот не треба да се политизира

Стразбур, 8 октомври 2011 (МИА) - Многу е лошо ако техничка работа како што е пребројување на луѓето се исполитизира, изјави Томас Хамарберг, комесар за човекови права на Советот на Европа, во интервју за МИА и Дневник.

- Тоа мора да се избегне, особено во земја како што е Македонија каде што има големо малцинство и каде што имаше тензии меѓу ова малцинство и мнозинското население. Искрено се надевам дека меѓународната заедница не ќе мора да биде вклучена во ова. Ова е навистина тест за зрелоста на македонската демократија да спроведе попис без проблеми, одговори Хамарберг.

Тој нагласи дека во повеќето земји во Европа пописот веќе не е нешто контроверзно, туку се работи за техничко организирање да се спроведе на начин што ќе овозможи многу точни резултати. Затоа, посочи тој, политизацијата на пописот треба да се избегнува.

За тоа каков е неговиот став за ситуацијата со малцинствата во Македонија, не само на албанското, туку и на Ромите кои во моментов се спречени на извесен начин слободно да патуваат во Европа со визната либерализација, Хамарберг признава дека се работи за сложено прашање.

- Ова е комплексно прашање. Европската унија е одговорна за тоа. Но факт е дека тие ја сакаа визната либерализација и истовремено се плашеа од неа. Во ситуација кога има многу ксенофобија во земјите на ЕУ, тие се плашат дека визната либерализација ќе биде искористена од Ромите да заминат во земјите од ЕУ. За тоа се расправа. Но нашиот принцип е дека Ромите треба да бидат како и сите други. Нема втора категорија на луѓе. Не ни се допаѓа спречувањето на Ромите да патуваат. Но друг проблем е тоа што Ромите не се третираат секаде добро и тоа е една од причините што тие сакаат да најдат можност за подобар живот на друго место, рече Хамарберг.

Конкретно за положбата на Ромите во Македонија вели дека тој и неговото Биро покренле прашања за Ромите дојдени од Косово, при што тој препорача Македонија да преземе чекори да ги натурализира и тие да станат граѓани на Македонија.

Во врска со правото на самоопределување на идентитетот на малцинствата и состојбата на македонското малцинство во соседните земји, како Бугарија и Грција, Хамарберг вели дека тој ова прашање секогаш го вклучува во своите извештаи.

- Има случаи или во судска постапка и завршени судски случаи. Обично станува збор за признавање на организации и признавање на нивното право да се регистрираат. Планирам наскоро да одам во Бугарија, па сега не би зборувал многу за тоа пред да одам. Во однос на Грција, жалам што не ги признава одлуките на Судот од Стразбур за овозможување регистрацијата на организациите, нагласи Хамарберг.

Комесарот за човекови права смета дека не треба да има друг механизам за да се натераат овие земји да ги почитуваат одлуките на Судот од Стразбур.

- Не треба да биде неопходно да има друг механизам, дури не треба да има потреба ни од судски процеси, туку едноставно да се прифати регистрирањето на овие организации. Во случајот со Грција едноставно не се почитуваат одлуките на судот во Стразбур, додаде тој.

Во врска со последните инциденти со Ромите во Бугарија и дали тие можат да имаат импликации и врз другите малцинства во земјата, Хамарберг вели дека не треба да се поврзуваат двете нешта.

- Не сум сигурен дека има врска меѓу тие две работи. Поинаков е проблемост со Македонците, муслиманите и Ромите. Проблемот е од поинаква природа, истакна Томас Хамарберг во интервју за МИА и Дневник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...