Македонија одбележува 70 години од почетокот на антифашистичкото востание и НОВ

Скопје, 11 октомври 2011 (МИА) - Република Македонија денеска одбележува 70 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.

На 11 Октомври 1941 борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, што го означи почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а 20 години како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година и од него произлезениот Рамковен договор, Македонија, која е полноправна членка на Обединетите нации, денес чекори на патот кон евроатлантските интеграции.

Во Собранието на Република Македонија денеска напладне ќе биде врачена државната награда „11 Октомври” за животно дело. Нејзини добитници оваа година се балетскиот уметник Тања Вујисиќ-Тодоровска, писателот Ресул Шабани и актерот Петар Темелковски - во областа на културата и уметноста. Во областа на заштитата на вредностите на културно-историското наследство, наградата ќе ја добие советникот-библиотекар Миле Бошески. Во областа на стопанството, пак, наградата му се доделува на стопанственикот Тихомир Чепреганов. По повод празникот владини делегации денеска ќе положат цвеќе на спомениците и паметниците на народните херои.

Седумте децении од македонското народно востание вчера беа одбележани со свечена академија во Домот на АРМ, на која се обрати претседателот Ѓорге Иванов. 11 Октомври беше одбележан и со собир во Македонската академија на науките и уметностите, на кој академик Иван Катарџиев се осврна на НОВ како фактор во осмислувањето на политичката, државната и културно-националната самобитност на македонскиот народ.

По повод јубилејот, во Прилеп вчера беше отворен реновираниот објект на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“, некогашниот участок каде што почнало антифашистичкото востание во 1941 година. Обновата на музејот почна во април годинава, а средствата од околу 3 милиони евра ги обезбедија Министерството за култура и локалната самоуправа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...