Клучни заклучоци во Извештајот на ЕК за Македонија

Брисел, 12 октомври 2011 (МИА) - Европската комисија во Извештајот за напредокот на Македонија во 2011 година заклучува дека земјата продолжува задоволително да ги исполнува политичките критериуми и е подготвена за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Македонија, според ЕК, ги продолжува потребните реформи, иако остануваат суштинските предизвици.

Политички критериуми

Парламентарните избори во јуни генерално беа според меѓународните стандарди. Владината коалиција беше брзо формирана. Одреден прогрес е направен во областа на судството и јавната администрација, пред се во однос на усвојувањето на правната рамка. Неопходни се дополнителни напори за да се обезбеди ефективна имплементација, особено на оние што се однесуваат на реформите во судството и јавната администрација, борбата против корупцијата и слободното изразување во медиумите. Треба да биде зајакнат дијалогот меѓу владата и опозицијата за да се обезбеди непречено функционирање на институциите и Парламентот целосно да си ја оствари својата улога.

Економски критериуми

Економијата почна да се опоравува во втората половина на 2010 како резултат на зголемената надворешна побарувачка и инвестирањето во градежниот сектор. Земјата направи натамошен прогрес кон воспоставување функционална пазарна економија, особено со поедноставувањето на постапката за регистрација на фирми и правната регулатива. Фискалната политика продолжува да биде стабилна. Земјата треба да биде способна да се соочи со конкурентските притисоци и пазарните сили во ЕУ на среден рок, преку спроведување реформи со кои ќе се намалат структурните слабости во економијата. Сепак, слабостите во владеењето на правото и натаму продолжуваат да го попречуваат соодветното функционирање на пазарната економија. Ефикасноста на јавната администрација и натаму е слаба, а некои регулаторни и надзорни агенции се соочуваат со недостиг од независност и финансиски ресурси за целосно исполнување на нивните функции. Слабости се нотирани и во квалитетот на фискалното владеење делумно поради краткотрајната ориентација кон јавна потрошувачка. Неопходен е напредок во намалување на вработеноста.

ЕУ законодавство

Потребен е натамошен напредок за усогласување со законодавството, политиките и административниот капацитет на ЕУ, особено во областите на бизнис законодавството, финансиските услуги и енергетиката. Направен е добар прогрес во областа на безбедност на храната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...