Четири години од трагичната смрт на Тоше

Скопје, 14 октомври 2011 (МИА) - Со традиционалниот маратон од Нова Градишка до Крушево, концерти, спортски натпревари и со емисии посветени на Тоше, деновиве почна одбележувањето четири години од неговото загинување во сообраќајна несреќа во Хрватска.

Задутре, на денот на трагичната смрт на најголемата македонска музичка ѕвезда,  Радио-телевизија Србија од 21 часот на својата прва програма ќе емитува специјална емисија за Тоше „Балкан - сеќавање на Тоше“.  Колеги и пријатели на Тоше од републиките на поранешна Југославија ќе пеат негови песни, во придружба на Симфонискиот оркестар на РТС.

Ќе настапат Аки Рахимовски, Калиопи, Хари Варешановиќ, Тони Цетински, Сергеј Ќетковиќ, Александра Радовиќ, Јелена Томашевиќ, Ања Рупел, Антонија Шола, Бора Дугиќ, Нина Радојчиќ, Саша Ковачевиќ, Борис Режак… Во двочасовната програма ќе бидат емитувани документарни материјали, снимени во Скопје и во Крушево, во кои за приватниот и професионалниот  живот на Тоше ќе зборуваат неговите пријатели и соработници од Македонија.

Годишнината од смртта на Тоше се одбележува и во Хрватска, во организација на Амбасадата на Република Македонија во Загреб, во соработка со Меѓународната Фондација „Тоше Проески“ - Крушево, Бродско-посавската жупанија и градот Нова Градишка. 

Традиционалниот мегамаратон од Нова Градишка до Крушево почна вчера во 06 часот и 5 минути пред спомен-обележјето „Тоше Проески“, што минатата година беше поставено пред Електротехничкото училиште, местото од каде што пред четири години беа пренесени посмртните останки на Тоше. Маратонците утре треба да пристигнат во Скопје, а задутре на гробот на Тоше во Крушево. Во чест на Тоше вечер во Нова Градишка ќе настапат македонската рок-група „Леб и сол“, Ламбе Алабаковски и хрватската поп-рок група „Русвај“.     
 
Утре ќе се одржи ракометен натпревар на ветерани од Нова Градишка и од Македонија, а одбележувањето во Хрватска ќе заврши со македонска вечер, на која ќе се служи македонска храна и вино, информираше Амбасада во Хрватска.

Оваа година, на втор ден Велигден, беше отворена Спомен-куќата на Тоше во Крушево, во која преку 350 автентични експонати се претставени детството, тинејџерските години, врвот на музичката кариера и вербата и хуманоста на Тоше Проески. Меѓу нив се и две восочни фигури на Тоше во природна големина. Спомен-куќата од бетон и стакло во форма на крст, која  се простира на околу 870 метри, е меѓу најпосетуваните музејски установи во Македонија.

„Дневник“ во денешниот број објавува дека деновиве на леење ќе биде испратена и скулптурата на Тоше што ќе биде централна меѓу 29-те бронзени статуи на Мостот на уметноста, што ќе ги поврзува ГТЦ и кружната зграда на Јавното обвинителство во Скопје. Таа ќе биде висока два метра и е дело на академскиот скулптор Сретко Јовановски. 

На 5 октомври на плоштадот „Македонија“ се одржа и манифестацијата  „Ѕвездено небо“ со која „Тоше фан клубот“ трета година по ред го одбележа последниот концерт на Тоше, одржан на Градскиот стадион во Скопје. На 5 октомври 2007 година, амбасадорот на УНИЦЕФ пееше три часа пред  25.000 публика за да се соберат средства за обнова на училиштата во Македонија. Во чест на својот музички идол, неговите обожаватели и оваа година организираа крводарителска акција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...