Македонија без Тоше - четири години подоцна

Пред четири години, во утринските часови, Македонија со неверување ја прими веста која дојде од Хрватска. Останавме без својот музички ангел, без ѕвезденото момче со кое се идентификуваа многу млади луѓе и чија енергија и насмевка остануваше долго.

Денеска се навршуваат четири години од трагичната смрт на извонредно талентираниот македонски пејач Тоше Проески, кој и денеска останува секојдневно присутен во мислите и сеќавањата на целиот македонски и балкански народ.

Во текот на својата кратка, но исклучително успешна кариера Тоше остави 11 албуми и голем број на снимени материјали. Македонија со гордост се сеќава на делото и на пораката која преку музиката ни ја остави најголемата ѕвезда родена на овие простори. Со својот талент кон музиката и хуманоста која секогаш ја покажуваше, Тоше останува како синоним за човечка големина во секој поглед.

Тоше Проески е роден на 25. јануари 1981. година во Прилеп, но уште од раното детство живеел во Крушево. По завршувањето на основното образование во Крушево, школувањето го продолжи во Битола, во средното музичко училиште, а потоа и на музичката академија во Скопје.

Првите допири со музичката сцена ги имаше на неколку детски фестивали, а својата блескава кариера ја започна на фестивалот „Мелфест" во 1997. година. Истата година имаше и забележителен настап како дебитант на фестивалот „Макфест", по што веќе беше јасно дека е родена новата ѕвезда во македонската музика.

Во 2004-та година со песната „Ангел си ти", достојно ја претставуваше Република Македонија на изборот за песна за Евровизија.

Голем број на музички награди и признанија говорат доволно за неговиот вистински талент за музика. Покрај тоа што беше извонреден пејач, Тоше беше и голем хуманитарец. Во 2004 година беше именуван за Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. Овој голем музички херој беше миленик на сите генерации, со својот извонреден глас ја освојуваше публиката на сите свои настапи.

Незаборавно е големото дело кое го остави Тоше Проески и неговата идеја за обединување на сите луѓе токму преку музиката.

Кобното утро, околу 06:25 часот, на два километри од клучката кај Нова Градишка, дојде до судир на возилото на Проески „Фолксваген Туарег“ и камион. Во возилото освен Проески, кој спиел на совозачкото седиште, беа и менаџерката Лилјана Петровиќ и Ѓорѓе Ѓорѓески од Скопје, кој седел зад управувачот. Причините за несреќата до денес останаа неразјаснети, а се претпоставува дека до неа дошло поради недоволна оддалеченост меѓу возилата. Според хрватската полицијата, 26-годишниот Тоше загинал на лице место, а возачот на „Туарегот“, Ѓорѓески и менаџерката Петровиќ, која беше полесно повредена, беа превезени во болницата во Нова Градишка. Тоше во Хрватска патуваше поради претходно договорени ангажмани, само десетина дена по спектакуларниот концерт на Градскиот стадион во Скопје.

И оваа година со низа манифестации се одбележува годишнината од смртта на Проески.

Неговиот интернационални фан-клуб на 5-ти овој месец на плоштадот Македонија организираше уште еден традиционален собир насловен „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“. Продолжувајќи ја традицијата, фановите на Тоше се собраа на градскиот плоштад за преку ѕвезденото небо да го одбележат неговото вечно постоење. Со свеќи и насолзени очи, сите оние кои го сакаат и вечно ќе го паметат ги пееја неговите песни на Плоштадот во Скопје. Неговите обожаватели оваа година поставија нов рекорд со собрани 350 крвни единици во рамките на крводарителската акција „Јас штотуку спасив живот, а Вие?“ која во чест на легендата Тоше Проески успешно се одржа во Домот на АРМ во Скопје.

Амбасадата на Република Македонија во Хрватска, во соработка со Меѓународната Фондација „Тоше Проески“ - Крушево, Бродско - посавската жупанија и Градот Нова Градишка организираа повеќе настани посветени на годишнината од трагичната смрт на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески.

Активностите започнаа на 12-ти овој месец со одржување на парастос, во католичката црква „Св.Терезија“ во Нова Градишка, што го одржа протојереј Кирко Велински, свештеник на Македонската православна црква во Република Хрватска.

Еден ден подоцна започна традиционалниот Мега маратон од Нова Градишка до Крушево, а во рамките на одбележувањето на годишнината беше положен венец пред спомен обележјето „Тоше Проески“, од страна на градоначалникот на Нова Градишка, Јосип Вуковиќ и амбасадорот Дано Марковски. Одбележувањето на годишнината од смртта на Тоше Проески ќе заврши со ракометниот натпревар на ветерани од Нова Градишка и од Република Македонија, а неколкудневната програма ќе се заокружи со традиционална македонска вечер, на која ќе се служи македонска храна и вино.

Радио Телевизија Србија денеска на првата програма со почеток од 21 часот ќе емитува специјална емисија „Балкан - сеќавање на Тоше”. Овој проектот на едно место ќе ги собере најголемите музички имиња од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Ќе настапат Аки Рахимовски, Калиопи, Хари Варешановиќ, Тони Цетински, Сергеј Ќетковиќ, Александра Радовиќ, Јелена Томашевиќ, Ања Рупел, Антонија Шола, Бора Дугиќ, Нина Радојчиќ, Саша Ковачевиќ, Борис Режак... Во двочасовната програма ќе бидат емитувани документарни материјали, снимени во Скопје и во Крушево, во кои за приватниот и професионалниот живот на Тоше ќе зборуваат неговите пријатели и соработници од Македонија.

Оваа година, на втор ден Велигден, беше отворена Спомен-куќата на Тоше во Крушево, во која преку 350 автентични експонати се претставени детството, тинејџерските години, врвот на музичката кариера и вербата и хуманоста на Тоше Проески. Меѓу нив се и две восочни фигури на Тоше во природна големина. Спомен-куќата од бетон и стакло во форма на крст, која се простира на околу 870 метри, е меѓу најпосетуваните музејски установи во Македонија.

Тоше ја носеше својата држава во срцето каде и да одеше. Колку таа му врати, тоа е друго прашање. За неговата смрт, а особено за периодот пред неа, односно последните месеци од животот на Проески се погласни се пишувањата за тоа дека златното грло на Македонија било жртва на моќни криминални кланови кои преку него ги остварувале своите мрачни планови и енормно се збогатувале. Новинарот Зоран Божиновски, кој долго време го следи случајот со Проески за крајот на 2012-та година ја најавува својата книга со наслов „Тоше Проески, жртва на криминалните кланови“ која ќе биде издадена за хрватски издавач.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...