„Ден на дрвото“ во третата недела од ноември

Скопје, 26 октомври 2011 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска одржа работен состанок со претставниците на Координативното тело  на традиционалната акцијата за пошумување „Ден на дрвото“.

- Есенската акција за пошумување во рамки на годинашната кампања ќе се изведе во третата недела од ноември, за што наскоро ќе се дефинираат и локациите каде ќе се пошумува, соопшти МЗШВ.

Во есенската  акција ќе се пошумуваат и површини во населените места, како и покрај патиштата и автопатите, за што веќе се обезбедени садници за пошумување на површина од околу 400 километри.

И оваа година, граѓанската акција за пошумување „Ден на дрвото“ ќе се реализира во партнерство со Владата на Република Македонија, односно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Јавното претпријатие „Македонски шуми“.

На состанокот, присутните се согласиле непосредно по завршувањето на  есенската акција  за пошумување  да почнат подготовките и за акцијата која треба да се реализира на пролет, а која според идејата промовирана неодамна, треба да прерасне во балканска акција за пошумување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...