Во Спомен куќата на Јордан Хаџи Константинов-Џинот во Велес отворена негова спомен-соба

Велес, 8 ноември 2011 (МИА) - Во Спомен куќата на Јордан Хаџи Константинов–Џинот што се наоѓа во стариот дел на Велес денеска беше отворена негова спомен-соба, по повод утрешниот празник на градотс 9 - ти Ноември.

Во спомен-собата на Џинот, Народниот музеј во соработка со Општина Велес изложи постојана постановка на 70-тина фотографии-факсимили и други документи и дела од животот и творештвото на Јордан Хаџи Константинов–Џинот.

- Се планира собата и целата куќа, Народниот музеј во соработка со општина Велес,  да ја уреди исто како во времето во кое живеел во неа Џинот заедно со својата сестра Марија, а тоа е средината на 19 век,  изјави историчарот од Народниот музеј, Павлина Василева.

Постановката е прилог плус за собирање на богатата оставштина и дело на велешанецот Јордан Хаџи Константинов-Џинот кој бил книжевен и културно национален деец,учител и зачетник на македонското просветителство.Тој четири децении се борел за просветно издигнвуање на македонскиот народ и воведување на народниот јазик во училиштата во Велес,Скопје,Прилеп и други градови.

Јордан Х. К. -Џинот живеел и творел од 1821-1882 година. Прво негово книжевно дело било „Таблица перваја‘‘, еден практичен школски текст сличен на многубројните „таблици‘ во соседните држави. Џинот бил и еден од првите македонски стихотворци и прв македонски драмски писател,аколку што е познато тој напишал шест оригинални драмски сцени.Џинот бил најголем собирач на старини, особено собирач на книжевно-историски споменици и располагал со најголема збирка на ракописи.Најголем дел од старините на Џинот биле подарени или продадени на разни луѓе и установи во Белград.Најголемата пратка од такви споменици е од 1880 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...