Секој трет ден по една човечка жртва на асфалтот

Во периодот од 2001 година до лани, на сообраќајниците во Македонија дневно се случувале од осум до девет сообраќајки во коишто имало настрадани лица, притоа, речиси на секој трет ден неповратно се губел по еден човечки живот, според податоците на Министерството за внатрешни работи.

Република Македонија, врз основа на таквите показатели, односно според бројот на сообраќајните незгоди и според бројот на настраданите лица, наспроти бројот на жителите, бројот на моторните возила и други параметри, се вбројува во редот на сообраќајно - загрозени земји, потенцираше Министерската за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во своето денешно обраќање на меѓународниот стручен собир што во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓи Иванов, се одржа на Скопски саем.

“Во Република Македонија во периодот од 2001-та заклучно со 2010-тата година настрадале околу 46.500 лица од кои безмалку 1.500 го загубиле животот. Овој, без дилема, поразителен биланс не е производ на некакви природни катастрофи, туку резултат на приближно 24.000 сообраќајни несреќи што во посочениот период се случиле на патиштата во нашата држава“, информираше Јанкулоска.

Во текот на деветте месеци од оваа година, во споредба со истиот период лани, бројот на сообраќајки со настрадани лица (повредени или загинати) е зголемен за 138 сообраќајни несреќи. Односно евидентирани се 3.261 сообраќајки, во кои што повредени се 5.016 лица што исто така споредбено со истиот период лани е зголемување за нешто над шест отсто. Бројот на загинати лица изнесува 113 лица. Притоа не е поштедена ниту една од различните старосни категории, вклучително и оние најмалите.

Во десетгодишниот анализиран период повредени се 4230 деца на возраст до 13 години, а 79 од нив ги загубиле животите. Годинава, пак во изминатите девет месеци, четири деца се дел од трагичните жртви на сообраќајни несреќи.

Голем дел од сообраќајните несреќи со последица смрт, се сообраќајни несреќи каде што возилото е управувано од страна на лице без возачка дозвола. Само во минатата година, сообраќајната полиција регистрираше околу 12.500 прекршоци „управување возило без возачка дозвола“. Лицата кои на овој начин управувале возило учествувале во 448 сообраќајни незгоди со потешки последици во кои 18 лица загинале, а 657 биле повредени.

Токму во овие показатели, но и во компаративните анализи со европските законодавства, рече Јанкулоска, лежат и мотивите во нашите намери да предвидиме можност малолетниците со наполнети 16 години да се стекнат со знаење и дозвола под одредени услови да управуваат возило.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...