Тројца македонски државјани загинаа кај Бујановац

Бујановац, 10 ноември 2011 (МИА) -  Тројца македонски државјани загинаа утрово во директен судар на автомобил и камион на автопатот Ниш-Скопје кај Бујановачка Бања, пренесуваат српските медиуми.

Портпаролот на Полициската управа во Врање Драган Стаменковиќ изјави дека тројцата македонски државјани, кои биле во автомобилот, загинале на местото на несреќата, додека возачот на камионот е повреден.

Сообраќајната несреќа се случила во 7 часот и 20 минути кај Бујановачка бања и сите загинати биле во патничко возило марка „Фиат браво“ кое се движело кон македонската граница. Според српските медиуми, несреќата се случила кога автомобилот се обидел да престигне друго возило на делот од патот каде што не било дозволено, а камионот доаѓал од спротивен правец и директно удрил во него.

Изутрината на тој дел од патот имало густа магла, па се претпоставува дека тоа е една од причините за тешката сообраќајна несреќа.

Сообраќајот на патниот правец Врање - Прешево бил во прекин повеќе од три часа, а сообраќајот се одвивал по алтернативни патишта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...