Попоски во посета на Европскиот парламент

Скопје, 29 ноември 2011 (МИА) - Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска во Брисел ќе има обраќање пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент во пресрет на објавувањето на нацрт-текстот на Резолуцијата за напредокот на Македонија во 2011 година.

Како што соопшти МНР, Попоски  ќе побара поддршка од европратениците за реализација на препораката на ЕК за почеток на пристапните преговори со Македонија. Во своето излагање тој ќе ги презентира постигнувањата во однос на критериумите за членство на Македонија во изминатата година, како и активностите на Владата преземени по објавувањето на годинашниот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата. 

Во рамките на посетата на Европскиот парламент, министерот Попоски ќе има средба со потпретседателот Ласло Токеш, како и со повеќе европратеници.

Македонскиот министер за надворешни работи вчера во Брисел   имаше средба со еврокомесарот за меѓународна соработка, хуманитарна помош и справување со кризи Кристалина Георгиева, а треба да се сретне и со директорот во Европската служба за надворешна акција Мирослав Лајчак.

Првиот македонски дипломат ќе настапи и на Самитот за Балканот на високо ниво во организација на фондациите Пријатели на Европа, Конрад Аденауер и ЕУ40, на кој се очекува да учествуваат и високи претставници на ЕУ, министри за надворешни работи, европратеници и реномирани меѓународни аналитичари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...