Почна објавувањето на пресудата за тужбата на Македонија против Грција

Хаг, 5 декември 2011 (МИА) - Во Палатата на мирот во Хаг во 10 часот почна изнесувањето на пресудата на Меѓународниот суд на правдата по тужбата што ја покрена Македонија против Грција за прекршување на Привремената билатерална спогодба од 1995 година, со блокирањето на македонскиот прием во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година.

Пресудата ќе биде објавена по образложението на случајот што го презентира претседателот на Судот Хисаши Овада, што според најавите ќе трае околу час и половина.

На соопштувањето на пресудата присуствуваат шефот на македонската дипломатија Никола Попоски и поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, кои ја застапуваат Република Македонија во процесот и македонскиот амбасадор во Кралството Холандија Никола Димитров. Во правниот тим на Македонија се и четворица професори по право од Лондон, Вашингтон, Брисел и Сорбона, како и двајца нивни колеги од Правниот факултет при УКИМ.

Македонија, како што истакнаа нејзините правни застапници за време на процесот во Хаг, бара од Судот да утврди оти на Самитот во Букурешт во април 2008 година Грција го повредила членот 11 од Времената спогодба, односно дека приговорила на упатувањето покана на Република Македонија за членство во Алијансата во услови кога ќе и се обраќаат под привремената референца. Од Судот се бара и да и наложи на Атина да ги почитува своите обврски предвидени со Привремената спогодба и да не го блокира македонското членство во меѓународни организации.

Атина пак, ја базираше одбраната на тоа дека на Самитот во Букурешт немало вето, туку консензус меѓу земјите-членки приемот на Македонија во НАТО да се одложи до решавањето на спорот за името. Грчката страна, исто така побара Судот да се прогласи за ненадлежен за решавање на овој случај.

Застапници на грчката страна пред Судот се амбасадорот на Грција во Холандија Јоргос Саваидес и Марија Телалијан правен советник во грчкото Министерство за надворешни работи. Во грчкиот тим се и неколку странски професори.

Судот кој одлучува по жалбата на Македонија го сочинуваат 15 судии од целиот свет и во него нема судии од Македонија и од Грција. Двете страни во спорот имаат именувано по еден ад-хок судија. Македонската страна ја претставува судијата од Хрватска Будислав Вукас, а грчки ад хок судија е професорот по меѓународно право на Универзитетот од Атина, Емануил Рукунас.

Апликацијата пред Меѓународниот суд на правдата против Грција, Македонија ја поднесе во ноември 2008 година неколку месеци по самитот на НАТО во Букурешт. Следеа два обемни писмени поднесоци, односно меморандуми, на кои грчката страна приложи меморандуми – одговори. Судот се повлече да одлучува по тужбата по јавната расправа што се одржа во месец март, годинава.

По презентацијата на македонските аргументи и грчкиот противодговор судијата Бенуна, член на 15-члениот Судски совет, постави дополнително прашање до грчката страна која беше позицијата изнесена од Грција во контактите со другите земји-членки, во однос на зачленувањето на Република Македонија во Алијансата во периодот пред и на Самитот на НАТО во Букрешт. Македонија не доби дополнително прашање.

Пресудите на Меѓународниот суд на правдата се конечни и обврзувачки за земјите-членки на ОН, односно за страните во спорот и во огромен процент тие се испочитувани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...