Грција ја прекршила Времената спогодба

пресуди Судот во Хаг

Хаг, 5 декември 2011 (МИА) –  Грција го прекршила членот 11 став 1 од Времената спогодба со тоа што го попречила приемот на Македонија во НАТО на самитот во 2008 година, пресуди денеска Меѓународниот суд на правдаа во Хаг.

- Судот заклучи дека обидот на тужената страна (Грција) да го попречи приемот на апликантот во НАТО (Македонија) преставува прекршување на членот 11 од ВС, рече претседателот на Судот, Хисаши Овада, подвлекувајќи дека Судскиот совет на Меѓународниот суд оваа одлука ја донесе со 15 гласа за и еден против. 

Судот со 14 гласа за наспроти два против  утврдил дека има надлежност да постапува во однос на апликацијата на Македонија за прекршување на Времената спогодба од страна на Грција со приговарањето на членството во НАТО на Самитот во Букурешт 2008 година. Судот не го прифати ниту приговорот на Грција дека со прифаќање на случајот ќе се вмеша во преговорите за името што се водат под покровителство на ОН.

Судот го одби барањето на Македонија да и наложи на тужената страна да преземе мерки со кои ќе и се наложи на Атина да ги почитува своите обврски предвидени со Привремената спогодба и да не го блокира македонското членство во меѓународни организации. По ова барање 15 судии се изјасниле против, а еден за. Во образложението кон оваа одлука се наведува дека Судот воопшто не заседавал по ова барање бидејќи смета оти тоа не е е неопходно затоа што, „општо правило е оти нема причина да се претпостави дека државата чиј акт или однесување бил оценет како погрешен од страна на Судот,  ќе го повтори таквото однесување во иднина“.

Од страна на Судот е утврдено и дека Македонија не го прекршила ставот 2 од членот 11 на ВС со тоа што аплицира за членство во НАТО под привремената референца и дека и покрај неуспехот на страните да постигнат успех во решавање на спорот за името, македонската страна во целост, согласно доказите од месеците пред НАТО самитот покажала отвореност за решавање на спорот.

- Судот заклучи дека тужената страна не успеа да докаже недостаток на добра волја од страна на апликантот за изнаоѓање решение, рече Овада.

Според претседавачакиот судија, тужената страна не успеа да докаже ниту непријателско однесување од страна на апликантот, членот 7 од ВС. Македонија, додаде, прекршила само едно правило со примената на симболи во 2004 година, која практика прекинала веднаш по реакциите од грчка страна.

- Судот заклучи дека тужената страна не успеа да докаже кршење на членот 7 став 2. и со тоа да го оправда попречувањето на приемот во членство во Алијансата на Македонија, образложи меѓу другото Овада.

На изнесувањето на пресудата што започна во 10 часот во Палатата на мирот, присуствуваа шефот на македонската дипломатија Никола Попоски и поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, кои ја застапуваат Република Македонија во процесот и македонскиот амбасадор во Кралството Холандија Никола Димитров. Во правниот тим на Македонија се и четворица професори по право од Лондон, Вашингтон, Брисел и Сорбона, како и двајца нивни колеги од Правниот факултет при УКИМ.

Судот кој одлучува по жалбата на Македонија го сочинуваат судии од целиот свет и во него нема судии од Македонија и од Грција. Двете страни во спорот имаат именувано по еден ад-хок судија. Македонската страна ја претставува судијата од Хрватска Будислав Вукас, а грчки ад хок судија е професорот по меѓународно право на Универзитетот од Атина, Емануил Рукунас.

Апликацијата пред Меѓународниот суд на правдата против Грција, Македонија ја поднесе во ноември 2008 година неколку месеци по самитот на НАТО во Букурешт. Следеа два обемни писмени поднесоци, односно меморандуми, на кои грчката страна приложи меморандуми – одговори. Судот се повлече да одлучува по тужбата по јавната расправа што се одржа во месец март, годинава.

Пресудите на Меѓународниот суд на правдата се конечни и обврзувачки за земјите-членки на ОН, односно за страните во спорот и во огромен процент тие се испочитувани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...