Пресуда на Меѓународниот суд - интегрално

I. Факти за случајот

Судот потврдува дека на 17 ноември 2008 година Поранешна Југословенска Република Македонија (понатаму Тужител) поднесе до судскиот регистар Молба за покренување постапка против Република Грција (понатаму Тужена страна) во однос на спор околу толкувањето и спроведувањето на Времена спогодба од 13 септември 1995 година (понатаму Времена спогодба). Како основа за надлежноста на Судот, Тужителот го сметаше Членот 21, став 2 од Времената спогодба, во кој се вели дека страните можат да поднесат до судот било каков спор што се јавува помеѓу нив во однос на толкувањето на таа Спогодба, освен за разликите наведени во Член 5, став 1 од тој инструмент.

Судот смета дека НАТО кандидатурата на Тужителот беше разгледана на Самитот во Букурешт на 2 и 3 април 2008 година, но Тужителот не беше поканет да започне преговори за прием во организацијата. Потврдува дека Тужителот особено бара да се утврди дека Тужената страна приговори на неговиот прием во НАТО и со тоа го прекрши Членот 11, став 1 од Времената спогодба. Судот смета дека е јасно од текстот на првата клаузула од таа одредба дека Тужената страна се согласува да не приговара на приемот на Тужителот во меѓународни или регионални организации каде што е член Тужената страна. Понатаму смета дека според втората клаузула од таа одредба, Тужената страна сепак го задржува правото да приговори на таков прием ако на Тужителот му се обраќа во тие организации поинаку од став 2 од Резолуцијата 817 (1993) на Советот на безбедност на Обединетите нации. Тој став препорачува Тужителот да биде примен во членството на Обединетите нации, со тоа што ,,привремено се нарекува за сите намени во рамките на Обединетите нации како Поранешна Југословенска Република Македонија, до решавањето на разликите што произлегуваат околу името на државата“.

II. Надлежност на Судот и прием на Молбата

Судот забележува дека Тужената страна тврди дека Судот нема надлежност во спорот и дека Молбата не може да се прими поради неколку причини. Прво, Тужената страна смета дека спорот се однесува на разликата околу името на Тужителот. Второ, тврди дека спорот го засега однесувањето на НАТО и нејзините земји-членки, што не е предмет на надлежност на Судот. Трето, тврди дека не би било можно ефективно спроведување на Пресудата на Судот во овој случај бидејќи не би можело на влијае врз приемот на Тужителот во НАТО. Четврто, тврди дека надлежноста на Судот би било мешање во тековните дипломатски преговори во однос на разликите околу името.

Судот одлучи да не ги поддржи приговорите на Тужената страна; утврди дека има надлежност врз спорот и дека Молбата е прифатлива.

III. Дали Тужената страна не се придржувала до обврската во рамките на Член 11, став 1 од Времената спогодба

Според Судот, приложените докази покажуваат дека на Самитот во Букурешт, спротивно на Член 11, став 1 од Времената спогодба, Тужената страна го покажа својот приговор околу приемот на Тужителот во НАТО, тврдејќи дека разликите околу името на Тужителот остануваат нерешени. Судот одлучи дека приговорот на Тужената страна не потпаѓа во рамките на исклучокот содржан во втората клаузула од Член 11, став 1 на Времената спогодба, бидејќи таа клаузула не и дозволува на Тужената страна да приговара на приемот на Тужителот во една организација врз основа на изгледите дека Тужителот би се обраќал во такви организации со уставното име.

IV. Дополнителни аргументи од Тужената страна

Судот забележува дека како алтернатива на главниот аргумент, Тужената страна тврди дека секој приговор околу приемот на Тужителот во НАТО може да се оправда (1) според доктрината „договор заради неисполнување на спогодбата“, (2) како одговор за прекршување на спогодбата, или (3) како противмерка според законот на одговорност на Државата. Судот забележува дека Тужената страна има одредени минимални услови заеднички со аргументите што се однесуваат на овие три аргументи, имено дека Тужителот ги прекршил одредбите од Времената спогодба и дека приговорот на Тужената страна за прием на Тужителот во НАТО е донесен како одговор на ова прекршување. Врз основа на приложените докази, Судот заклучува дека Тужената страна има направено само едно такво прекршување, имено користењето од страна на Тужителот на симбол забранет со Член 7, став 2 во 2004 година, што било прекинато во текот на истата година. Судот смета дека Тужената страна не успеа да докаже дека се противи на приемот на Тужителот во НАТО како одговор на прекршувањето на таа одредба. Како резултат на тоа, Судот заклучи дека аргументите поднесени од страна на Тужената страна се неуспешни.

V. Правни лекови

Во контекст на горенаведеното, Судот одлучи дека неговите заклучоци оти Тужената страна ја прекршил неговата обврска кон Тужителот според Член 11, став 1 од Времената спогодба претставува соодветна сатисфакција.

Состав на Судот

Судот беше составен од претседател Овада, потпретседател Томка, судии Корома, Сима, Абрахам, Кејт, Сепулведа-Амор, Бенуна, Скотников, Канкадо Триндаде, Јусуф, Гринвуд, Ксуе, Доногуе, ад хок судии Рукунас, Вукас, архивар Куврер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...