Оливиер Ребeлник: Со пресудата во Хаг Грција го загуби својот образ

Скопје, 13 декември 2011 (МИА) - Пресудата на Меѓународниот суд на правдата дека Грција ги прекршила своите обврски согласно Спогодбата од 1995 година со тоа што ја попречила можноста Македонија да стане членка на НАТО е многу јасна. Пресуда на меѓународното право  секогаш има и меѓународно политичко значење и важност и затоа ЕУ и НАТО сега треба да и извршат притисок на Грција  да ги промени своите гледишта.

Ова го изјави проф.д-р Оливиер Ребелник, експерт  по меѓународно право и за случаите пред Меѓународниот суд во Хаг во интервју за програмата  „Порта“ на МТВ.

На прашањето дали Грција може да го повтори ветото од Букурешт на самитот на НАТО во Чикаго во 2012 година и повторно да ја блокира Македонија, тој укажува оти пресудата од Хаг треба да има влијание, но и оти организации како  НАТО имаат свои правила за прифаќање на членство.

- Ако Грција поради внатрешни политички причини, продолжи со овој став, се уште ќе ја блокира Македонија. А тогаш има друг проблем. Тогаш, Македонија би можела да оди повторно пред МСП и да побара да и се нареди да ги почитува обврските од Спогодбата или може да се обрати до Советот за безбедност со барање да донесе одлука дека Грција продолжува да го попречува барањето за членство на Македонија и покрај многу јасната пресуда на МСП донесена деновиве, вели угледниот професор.

Ребeлник, за однесувањето на државите основачи на овој суд  кон неговите одлуки, како што е и последната во корист на Македонија вели дека тоа е највисокиот судски орган на ОН и најпочитуваната меѓународна судска институција.

- Пресудите на МСП имаат големо влијание, тие се многу важни во објаснувањето на правото и на тој начин тие се следат, се проучуваат, се толкуваат и се користат од страна на сите држави. Сепак, никогаш не треба да заборавите дека сесиите на МСП се само за конкретни спорови помеѓу конкретни држави. Така, и во овој случај, тоа е пресуда за спор помеѓу Македонија и Грција, а одлуките на МСП се обврзувачки само за страните во спорот, односно за Македонија и за Грција, а не и за други земји, вели Ребилник.

Тој смета дека другите земји ќе ја земат предвид пресудата, вклучувајќи ги и оние во НАТО и ЕУ и притисокот на Грција, вели, ќе биде многу посилен.

- Грција ќе биде во многу понеповолна позиција. Не го потценувајте влијанието на таквата комбинација затоа што тоа е што е, комбинација на Грција во меѓународните односи. Грција го загуби својот образ, вели Ребелник.
 
Одговарајќи на прашањето, дали е можно откажување од разговорите околу името со Грција,  професор Ребилник, и за ова има свој одговор:- Ги разбирам вашите чувства, разбирам дека ставот кој верувам е заеднички за многу луѓе не само од Македонија, туку и надвор од неа, дека 16 години е премногу долг период, сепак, во меѓународните односи чувството за време се разликува. Јас и Вие сме човечки суштества, сакаме да видиме дека нештата кои што се погрешни се подобруваат колку што е можно побрзо. Денеска ако е можно. Вчера, уште подобро. Во меѓународните односи понекогаш нештата се одвиваат многу подолго. Државите имаат многу подолга меморија и многу повеќе време. Понекогаш, споровите помеѓу држави остануваат нерешени со декади или дури и цел век. Истото е и во меѓународното право, истакна Ребелник.   

Тој со свој став и во однос на фактот дека 134 земји на ОН не признале под уставното име и за тоа дали е можно следниот чекор овој проблем да го заврши Советот за безбедност.

- Секогаш може да се проба да се натераат органите на ОН кои ја носат одлуката за членство како што се СБ и Генералното собрание да го сменат својот став. Обидете се. Меѓутоа, тоа не мора да значи дека ќе резултира со промена на ставот на Грција или на Организацијата. Сепак, од друга страна знаете како е во меѓународната политика, некои држави имаат нешто што другите држави го сакаат. Па така ако една држава сака нешто од друга држава, тие мора да направаат отстапки, а како што знаете Грција токму во овој момент не е во многу поволна позиција во светот, па така можеби тоа може да се искористи како некој вид на промена за или промена на позиција, вели професорот Ребелник.

Експертот по меѓународно право при хашкиот суд на правдата порачува земјата да ги продолжи сите напори во насока на членство во НАТО или ЕУ или други организации.

- Тоа е првата работа. Тоа е важно сега, затоа што тоа се попречуваше до сега, а потоа полека да се работи и да се работи заедно со другите земји кои ја признаа Македонија под уставното име за прифаќање на тоа име во сите меѓународни форуми. Не изгледа дека Грција има волја да ја напушти својата позиција во врска со името, или разликата како што се нарекува. Но, Грција е многу веројатно дека ќе ја промени, мора да ја промени својата позиција во врска со членството во меѓународни организации, сугерира експертот  по меѓународно право и за случаите пред Меѓународниот суд во Хаг проф. Оливиер Ребелник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...