Почесен конзул на Романија во Куманово ќе биде доктор Алириза Османи

Куманово, 28 декември 2011 (МИА) - Амбасадорот на Романија во Македонија, Јустинијан Фокша при денешната посета на општина Куманово, најави дека почесен конзул на оваа држава во градот ќе биде доктор Алириза Османи.

- Се надевам дека со поддршка на локалната администрација и по решавањето на технички прашања ќе го промовираме почесниот конзул, изјави амбасадорот по средбата со градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.

Конзулатот ќе биде насочен кон активирање на трговските, економските, културните и научните врски на општините од потегот Гостивар до Крива Паланка.

Амбасадорот и градоначалникот по средбата изјавија дека, покрај промоцијата на конзулот, разговарале и за продлабочување на постоечките односи во сферата на образованието, културата и економијата.

- Училиштата од Куманово се партнери со училишта од Романија и реализираат одлични заеднички проекти, со цел подобрување на квалитетот на образованието. Се надевам дека на следната средба со амбасадорот ќе разговараме и за конкретни проекти од областа на економијата, изјави градоначалникот Дамјановски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малиот Трпе се враќа од школо.
- Тато, ај да честиш!
- Што бе да не помина одличен?
- Не, сите деца догодина ќе мораат да купуваат нови книги, а јас ќе си одам пак со старите.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1925.- Во Скопје е родена Невена Георгиева Дуња,...
1945.- Со одлука на Европската консултативна...
1984.- Советскиот космонаут Светлана Савитцкаја...
1987.- Во Скопје умре Крсто Симовски, учесник во...