Патниот сообраќај отежнат, забрана кај Стража и Плетвар

Скопје, 25 јануари 2012 (МИА) - Врнежите од снег и дожд низ државата го отежнаа патниот сообраќај, но засега не предизвикуваат поголеми проблеми во одвивањето на меѓуградскиот, железничкиот и авиосообраќајот.

Сообраќајот на магистралните и регионалните патни правци се одвива  во зимски услови, забавено и отежнато по  влажни коловози со остатоци од кашаст снег на коловозот особено во југозападниот и западниот дел во државата, додека во југоисточниот се бележат врнежи од дожд.  

Забрана за движење на тешки товарни возила е воведена на патниот правец Гостивар – Стража – Крак–Маврово–Дебар, како и на планинскиот превој Плетвар, информира Автомотосојузот на Македонија.

Патниот правец Гевгелија - Смрдлива Вода е прооден, а останатиот дел од патот до ски-центарот Кожуф се уште се расчистува. 

Од Меѓуградската автобуска станица во Скопје информираат  дека автобускиот превоз се одвива нормално, без поголеми доцнења во тргнувањето и пристигањето на автобусите. Со минимални доцнења се одвива и железничкиот сообраќај,  соопштуваат од Железничката станица во Скопје. Нормално се одвива и авиосообраќајот, без одложувања на предвидените полетувања и слетувања  на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.

Според Управата за хидрометеоролошки работи УХМР, времето денеска во Македонија ќе биде облачно со врнежи од снег. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд, а потоа и снег. Во поголемиот дел од земјава ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен, а повремено и засилен северен ветер.

Температурата ќе се движи од минус три до три степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно, ветровито и со повремен снег. Температурата ќе се движи околу нула степени.

Висината на снежната покривка утрово изнесува 197 сантиметри на Кожув, 68 во Маврово, 44 во Лазарополе, 31 во Пожаране, 31 во Крушево, 20 Дебар, 18 Битола, 15 Крива Паланка, 13 Прилеп, 12 Берово, 11 Тетово, три во Скопје, Куманово, Виница и два сантиметри во Претор.

Утре во претпладневните часови времето ќе биде облачно со врнежи од снег, а попладне ќе настапи делумно разведрување и врнежите ќе престанат.

Утринската температура утре ќе се движи од минус седум до минус еден, а дневната од минус шест до минус еден степен.

Во петок утринската температура ќе се движи од минус 13 до минус четири, а дневната од минус пет до три степени.

Во сабота времето ќе биде претежно ведро и доста студено. Утринската температура ќе се движи од минус 20 до минус шест, а дневната од минус пет до пет степени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...