Груевски побара средба со Пападемос

Скопје, 25 јануари 2012 (МИА) - Вицепремиерката  Теута Арифи на денешната средба со нејзиниот грчки колега Теодорос Пангалос во Атина, според дипломатски извори, ќе предаде официјално писмо од македонскиот премиер Никола Груевски до грчкиот премиер Лукас Пападемос со кое бара одржување средба што е можно побрзо.

- Дозволете ми на почеток да упатам изрази на моето високо почитување кон Вас и кон Вашата држава, Република Грција. Би сакал во оваа прилика, на почетокот на овој мој допис до Вас, да реафирмирам дека градењето добрососедски односи, односно на партнерски и пријателски односи на Република Македонија со сите свои соседи е приоритет на нашата држава, кого го негуваме низ сите изминати години, како и денес, се вели на почетокот од писмото.

Вакви односи, стои понатаму во писмото од Груевски до Пападемос, се трудиме да градиме преку најразлични иницијативи за заедничка соработка со нашите соседи преку поедини теми, проекти, планови, како и преку воспоставување квалитетен и одговорен дијалог на сите нивоа каде е тоа возможно и потребно.

- Затоа би сакал да нагласам дека токму во духот на градењето на добрососедските односи постои неопходност од одржување взаемен директен дијалог на највисоко ниво и меѓу нашите две држави, а посебно и при случаи кога постојат прашања кои се отворени и чие решение треба да биде од взаемен интерес, посочува премиерот Груевски.

Оттука, дозволете ми со овој допис да ја реафирмирам потребата за средба со Вас, при што и да ја изразам мојата подготвеност да дојдам во Атина, Република Грција или Вие да дојдете во Скопје, Република Македонија, или пак да се сретнеме на кое било друго место, каде Вам Ви одговара, и тоа што е можно побрзо, за да разговараме за развојот на нашите билатерални односи и за контекстот на европските и евроатлантските интеграции на мојата земја, подвлекува во својот допис премиерот Груевски.

Во писмото понатаму тој изразува уверување дека една таква средба ќе претставува силен стимул и позитивен моментум за разговорите за прашањето за името што се водат под покровителство на Обединетите нации, кои заедно со позитивната одлука и препорака на Меѓународниот суд на правдата во Хаг би биле и дел од заокружувањето на прашањата и решенијата од заеднички интерес во градењето позитивна атмосфера, а посебно во однос на прашањето за името во контекст на европските и евроатлантските интеграции.

- Дозволете со ова писмо да изразам подготвеност и јасна и недвосмислена волја за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за спорот кој е отворен од вашата држава, а кој се однесува на името на мојата земја, истакнува во писмото македонскиот премиер.

Низ призмата на меѓусебно разбирање и со волја за постигнување вземен интерес и заштита на мојата и Вашата држава од аспектите на победници и поразени во овој спор, посочува премиерот Груевски, би сакал со овој допис да ја отворам уште еднаш можноста за средба на највисоко ниво и дијалог кој што би се водел со цел да се стимулира процесот за изнаоѓање решение на името.

- Во очекување на Ваш позитивен одговор за одржување скорешна средба примете ги уште еднаш господин Премиер изразите на моето високо почитување, го завршува премиерот Груевски своето писмо до грчкиот премиер Пападемос.

Од Кабинетот на македонскиот премиер потврдија дека е испратено вакво писмо, при што посочија дека вицепремиерката Арифи е овластена да ја искористи денешната прилика и средбата со Пангалос за да го предаде ова писмо од македонскиот премиер Груевски до грчкиот премиер Пападемос.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...