Арифи го предаде писмото од Груевски

Атина, 25 јануари 2012 (МИА) - Вицепремиерката  Теута Арифи на денешната средба со нејзиниот грчки колега Теодорос Пангалос во Атина му предаде официјално писмо од македонскиот премиер Никола Груевски до грчкиот премиер Лукас Пападемос со кое бара одржување средба што е можно побрзо.

- Му го предадов писмото на Пангалос и тој сигурно ќе му го предаде на Пападемос, а реакциите ќе следат потоа, изјави за МИА вицепремиерката Арифи.

Во писмото Груевски, меѓу другото, нагласува дека во духот на градењето на добрососедските односи постои неопходност од одржување взаемен директен дијалог на највисоко ниво и меѓу двете држави, а посебно и при случаи кога постојат прашања кои се отворени и чие решение треба да биде од взаемен интерес, посочува премиерот Груевски.

- Оттука, дозволете ми со овој допис да ја реафирмирам потребата за средба со Вас, при што и да ја изразам мојата подготвеност да дојдам во Атина, Република Грција или Вие да дојдете во Скопје, Република Македонија, или пак да се сретнеме на кое било друго место, каде Вам Ви одговара, и тоа што е можно побрзо, за да разговараме за развојот на нашите билатерални односи и за контекстот на европските и евроатлантските интеграции на мојата земја, подвлекува во својот допис премиерот Груевски.

Во писмото понатаму тој изразува уверување дека една таква средба ќе претставува силен стимул и позитивен моментум за разговорите за прашањето за името што се водат под покровителство на Обединетите нации, кои заедно со позитивната одлука и препорака на Меѓународниот суд на правдата во Хаг би биле и дел од заокружувањето на прашањата и решенијата од заеднички интерес во градењето позитивна атмосфера, а посебно во однос на прашањето за името во контекст на европските и евроатлантските интеграции.

- Дозволете со ова писмо да изразам подготвеност и јасна и недвосмислена волја за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за спорот кој е отворен од вашата држава, а кој се однесува на името на мојата земја, истакнува во писмото македонскиот премиер.

Низ призмата на меѓусебно разбирање и со волја за постигнување вземен интерес и заштита на мојата и Вашата држава од аспектите на победници и поразени во овој спор, посочува премиерот Груевски, би сакал со овој допис да ја отворам уште еднаш можноста за средба на највисоко ниво и дијалог кој што би се водел со цел да се стимулира процесот за изнаоѓање решение на името.

Вицепремиерката Арифи денешната средба со нејзиниот грчки колега Пангалос ја оцени како мошне корисна, со оглед на тоа што, како што рече, станува збор за средба на високо ниво која се одржува по многу години.

- Секако први прашања кои беа дискутирани беа прашањата во однос на приближувањето на Република Македонија кон ЕУ, баравме поддршка, разговаравме за технички елементи поврзани со проектите на ЕУ особено во однос на граничната соработка, зајакнување на капацитети за прифаќање на претпристапната помош и ценам дека овој процес на разговори и консултации продолжува и натаму, истакна Арифи.

Таа додаде дека Пангалос нагласил оти Грција ја поддржува евроатлантската перспектива на Западен Балкан и изрази надеж дека ќе бидат дадени и повеќе практични примери во однос на тоа прашање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...