Голомразица на патиштата со забрани за движење

Скопје, 14 февруари 2012 (МИА) - Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива забавено, во зимски услови по влажни коловози на места со остатоци од снег особено на планинските превои и повисоките места, и лизгави поради ниските температури и појавата на голомразица. Поради појава на магла намалена е видливоста на планинскиот превој Плетвар до 50 метри, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Забрана за движење за сите видови возила и понатаму има на патните правци Маврови Анови – Дебар  и село Маврово – Никифорово – Леуново - Бунец. За тешки товарни возила не е дозволено сообраќање на планинските превои Стража, Пресека и Буково, и на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан. Кон Попова Шапка се уште е забранет сообраќајот за автобусите.

АМСМ на возачите им препорачува крајно внимателно возење, прилагодена брзина на движење по лизгавите и со остатоци од снег коловози  и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги чекања. Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата ќе трае до 15 март.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...