Груевски на средба со Меркел во Берлин

Берлин, 14 февруари 2012 (МИА) – Премиерот Никола Груевски денеска во Берлин ќе има средба со германската канцеларка Ангела Меркел. Во фокусот на средбата, јави известувачот на МИА, е интеграцијата на Македонија во Алијансата, а се очекува да стане збор и за наметнатиот спор на Грција кој ја блокира Македонија за членство во НАТО. 

Средбата се остварува на заедничка иницијатива на двете страни, во контекст на засилениот дипломатски ангажман на македонската Влада во пресрет на Самитот на НАТО во Чикаго. Се случува една недела пред доаѓањето на посредникот Метју Нимиц во Скопје и во Атина.

Ова ќе биде втора средба во Берлин помеѓу премиерот Груевски и канцеларката Меркел, откако веќе еднаш се сретнаа кога Груевски беше избран за претседател на Владата.

Македонија и Германија имаат традиционални пријателски односи на секое ниво. Политичките односи ги карактеризира високо ниво на меѓусебно почитување и разбирање и отворена пријателска соработка на мултилатерален и билатерален план. Меѓу РМ и СРГ нема отворени прашања.

За односите Македонија-Германија од аспект на ЕУ, таа се гледа како партнер и поддржувач на Република Македонија, на нејзиниот пат кон полноправно членство во ЕУ и НАТО.

Во однос на економската соработка, најдобар показател за позитивниот развој на економските односи меѓу двете земји е надворешната трговска размена која во 2011 година бележи нагорен раст со што Германија останува и натаму прв стопански партнер на Македонија.

Во рамки на работната посета на Германија, премиерот Груевски  синоќа во македонската Амбасада во Берлин се сретна со иселениците кои живеат и работат во германската престолнина.

На средбата, на која присуствуваше и министерот за надворешни работи Никола Попоски, беа разменети мислења за реализација на заедничките цели и интереси.

Премиерот ја истакна стратешката определба на македонската Влада за континуирана поддршка на дијаспората во насока на задоволување на потребите на секое поле. Се дискутираше и за можностите за соработка помеѓу субјекти од Македонија и од Германија кои би биле реализирани со помош на дијаспората.

Министерот Попоски како исклучително значајни ги оцени средбите со македонската дијаспора во Германија, каде, како што кажа, живеат и работат голем број Македонци.

-  Средбите со иселениците се исклучително значајни за нас. Тие ќе ни помогнат да ги зголемиме врските и релациите кои ги имаме со нашите претставници надвор од татковината. Се надевам дека ќе ја зголемат и видливоста на активностите кои Република Македонија ги презема во правец на НАТО и ЕУ интеграциите, изјави министерот Попоски по средбата со иселениците во Берлин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...