
Скопје, 14 февруари 2012 (МИА) - Во Скопје изутрината во 6 часот се измерени рекордни за оваа зима минус 20 степени Целзиусови.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, по Скопје најстудено било во Крива Паланка со минус 15,5 степени и во Штип каде што се измерени минус 12 степени.
Студеното време ќе се задржи и утре. Синоптичарите најавуваат минимални температури до минус 18 степени, а најстуден град повторно ќе биде Скопје.
Во четврток ќе паѓа снег, а во петок и сабота ќе биде стабилно, суво и студено. Затоплување и дневни температури над нулата се очекува од недела.