Македонија треба да биде дел од НАТО

Берлин, 14 февруари 2012 (МИА) -  Германија е силен поддржувач на Македонија на политички и економски план и уште еднаш ја нуди својата помош во сите сфери. Помеѓу двете земји постојат пријателски односи на севкупно ниво, оценија денеска во Берлин германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот Никола Груевски по едносчасовната средба.

На заедничката прес-конференција, Меркел истакна дека Германија се залага за интеграција на Република Македонија во НАТО и цени дека е потребен напредок во процесот со Грција и согласност од Грција, јави известувачот на МИА.

Во однос на прекршувањето на Привремената спогодба од страна на Грција Меркел одговори дека разговорите за изнаоѓање решение за проблемот треба да продолжат. Таа со порака и дека правдата и меѓународното право треба да бидат приоритет пред попречувањето.

- Правилата се јасни неспорно е дека Меѓународниот суд на правдата донесе пресуда што е успех за македонската Влада, но лично сметам дека приемот во НАТО е важен и треба да продолжат преговорите со Грција за да се пронајде решение, истакна Меркел.

Германската канцеларка, која цело време не ословуваше со уставното име, рече и дека  очекува земјите од Западен Балкан да ги исполнат условите како што тоа го направија Хрватска и Словенија пред да станат членки на евроатлантските институции.

Премиерот Груевски истакна дека заложбата на Македонија е натамошно развивање и унапредување на билатералните односи кои обезбедуваат основа за динамизирање и интезивирање на соработката меѓу двете земји. 

Осврнувајќи се кон нашето членство во НАТО и ЕУ ја запознал канцеларката Меркел со реформите и модернизацијата на земјата за достигнување на стандардите за подобрување на состојбите секаде каде што е тоа потребно.

- Република Македонија три години по ред добива позитивен извештај од Европската комисија и препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ и ги исполни сите услови и критериуми за членство во НАТО што Алијансата ги постави на Самитот во Букурешт во 2008 година рече Груевски притоа заблагодарувајќи и се на Меркел за целосната поддршка што Германија ја дава кон политиката на отворени врати на Алијансата.

Според него, Македонија е де факто член на НАТО.

- Македонија е контрибутор секаде каде што тоа НАТО го побара од нас. Нашите мировници учествуваат во мисиите во НАТО, а во нашиот Парламент немало ниту еден глас против тоа учество. Македонија е на петто место по бројот на војници  во Авганистан и половина од одбранбениот буџет се троши за нашите напори во Авганистан. Сепак ние сме попречени да станеме членка поради еден спор кој нашиот сосед Грција го има со нас односно нивното противење на нашето име, идентитет и јазик, рече Груевски.

Шефот на македонската Влада оцени и дека Македонија има како што вели, разумни очекувања  од престојниот самит на Алијансата во Чикаго имајќи го предвид придонесот на земјата во ИСАФ и пресудата од Хаг.

- Меѓународниот суд на правдата во Хаг пресуди дека Грција неоправдано ја попречува Македонија за членство во НАТО и смета дека во иднина нема потреба да бидеме попречувани со некој ваков услов од  страна на Грција. Затоа веруваме дека нашите очекувања од Самитот во Чикаго за  уважување на меѓународното право, вреднување на нашите придонеси и заложби за членство се разумни. Правиме напори да ја добиеме поддршката од земјите кои силно веруваат во правичноста и во меѓународното право како што несомнено е и Германија како еден од светските предводници. И покрај оваа позитивна одлука на највисокото правно тело на ОН ние сме посветени на продолжува на разговорите со Грција за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за овој проблем, .

Во однос на економската состојба со која се соочува Европа тој изрази признание за лидерската улога на Германија и на канцеларката Меркел во соочувањето со овие предизвици и ја пофали нивната посветеност за обезбедување услови за развој на државите.

- Македонија се придружува кон земјите кои се за надминување на економските потешкотии  со цел да се подобри животниот стандард на граѓаните во Европа, рече премиерот Груевски.

Тој одговарајќи на новинарско прашање како се одразува грчката економска криза врз Македонија рече дека таа негативно влијае, но, оти и покрај сите тешкотии Македонија ги заврши првите три квартали лани со раст од 4,3 проценти.

Инаку, за посетата на премиерот Никола Груевски на Германија  германските медиуми пројавија голем интерес.

Ова е втора средба во Берлин помеѓу премиерот Груевски и канцеларката Меркел, откако веќе еднаш се сретнаа кога Груевски беше избран за претседател на Владата.

Во рамки на работната посета на Германија, премиерот Груевски  синоќа во македонската Амбасада во Берлин се сретна со иселениците кои живеат и работат во германската престолнина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...