Поддржете не за добивање датум за преговори

Скопје, 15 февруари 2012 (МИА) - Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски денеска испрати писма до своите колеги, претседатели на комисиите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, во кое бара поддршка и лобирање во Советот на ЕУ за донесување одлука за определување датум за преговори на Република Македонија со Унијата.

Во писмото се наведува дека за надминување на спорот за името, потребно е двете страни да дадат конструктивен придонес, но дека Грција, поради последиците од должничката криза е целосно дефокусирана од разговорите, а високата цена за ваквата непосветеност ја плаќа Република Македонија.

Милошоски, како застапник на Македонија пред Меѓународниот суд на правдата, ја истакнува пресудата во која беше потврдено  дека постои меѓународно-правната обврска Грција да не го попречува членството на Македонија во НАТО и ЕУ, која беше прекршена на Самитот во Букурешт 2008 година. Пресудата на Судот во Хаг потврдува дека Македонија врз основа на принципот на „добра волја“ учествува во процесот на изнаоѓање на компромисно решение, во рамките на  Обединетите нации.

- Огромното мнозинство македонски граѓани ја посакуваат Европската Унија, меѓу другото, и заради тоа што владеењето на правото е еден од темелните принципи на европските демократии. Во оваа смисла сите ние заедно треба да ја охрабриме Грција да ги почитува нејзините обврски согласно меѓународното право. Затоа очекувам дека при одлучувањето за пристапните преговори со Македонија и земјите членки на ЕУ ќе ја земат во предвид пресудата на Меѓународниот суд, подвлекува во писмото Милошоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...