Сообраќајот се одвива забавено, наместа има голомразица

Скопје, 17 февруари 2012 (МИА) - Сообраќајот низ Македонија се одвива забавено по влажни коловози, наместа и со појава на голомразица поради ниските температури. Поотежнат е сообраќајот на   повисоките места и планинските премини поради остатоци од недочистен и замрзнат снег и голомразица на коловозите.

Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека поради големи снежни наноси, патниот правец Тетово – граничен премин Јажинце е затворен за сите видови на возила, а забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патот крак Маврово - Дебар - Струга, додека на патниот правец Тетово - Попова Шапка сеуште има забрана за тешки товарни возила и автобуси.

На патниот правец с.Маврово – Никифорово – Леуново – Бунец екипите на Македонија пат работат на расчистување на коловозот.

Според Управата за хидрометеролошки работи, времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, само во североисточните делови со услови за слаб локален снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 13 до минус пет, а дневната од минус четири до четири степени. Во Скопје и околината сончево со умерена облачност и ветровито. Утринската температура ќе се спушти до минус 10, а дневната ќе се искачи до околу нула степени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...