Македонското знаме запалено во Приштина

Македонското знаме е запалено синоќа од членови на навивачката група “Плисат“ за време на натпреварот на младинските ракометни репрезентации на Македонија и Косово во Приштина.

Како што пренесува приштинскиот весник “Експрес“ македонското знаме било запалено како одмазда на навивачките песни што ги пееле македонските навивачи за време на Европското ракометно првенство што минатиот месец се играше во Србија.

Поради палењето на знамето, натпреварот бил прекинат на неколку минути.

Весникот пренесува дека за време на целиот натпревар навивачите од трибините пееле антимакедонски песни, а постојано биле истакнувани транспаренти со навредлива содржина.

На дел од транспарентите кои може да се видат и на видео објавени на ЈуТјуб пишува “Македонија не постои“, “Бугари според Бог, Македонци според Тито“, “Татко Словен, мајка Бугарија. Што си ти?“.

И покрај ваквото однесување на косовските навивачи, по натпреварот селекторот на македонската младинска репрезентација за косовските медиуми изјавил дека голем дел од публиката дошла во салата за да гледа квалитетен ракомет, а не да ја понижува неговата земја.

Натпреварот е дел од турнирот во рамките на прославата на четиригодишнината од прогласувањето на независноста на Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...