Од денеска нови регистарски таблички

Скопје, 20 февруари 2012 (МИА) - Новите регистарски таблички ќе почнат да се применуваат од денеска во Скопје, а до крајот на неделата и во другите градови во земјава.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на презентацијата на новите таблички во саботата, истакна дека тие се согласно европските стандарди, поседуваат далеку повисок степен на заштита од досегашните и ќе понудат комбинации со што ќе се задоволат потребните во наредните две до три децении. 

За разлика од старите таблички, новите ќе имаат четири бројки кои заедно со 20-те букви кои се користат, овозможуваат околу 4 милиони комбинации кои се многукратно повеќе од сегашните.

Цената на новите таблички е како и досега 1.200 денари, со тоа што граѓаните нема да бидат обврзани да ги сменат старите. Новите таблички ќе се издаваат доколку возилото за прв пат се регистрира на територијата на Република Македонија, при промена на регистарско подрачје или при замена на изгубена регистарска таблица, односно како и досега.

Новина е што се воведуваат регистарски таблици означени на поинаков начин по барање на сопственикот. Тие ќе може да содржат најмалку три, а најмногу девет црни букви и броеви, при што натписот немее да биде провокативен, неетички или спротвен на правниот поредок на Република Македонија. Ќе се прицврстуваат на предниот дел на возилото. Цената за овие таблички е 1.200 евра во денарска противвредност.

Компанијата „Раде Кончар - Контрактори и релеи“ ќе ги изработува табличките во наредните три години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...