Уште еден српски осуден убиец се крие во Македонија?

Ѓорѓе Прелиќ, осуден на 15 години затвор за убиство на францускиот навивач Брис Татон во Белград во септември 2009 година, се крие на територијата на Македонија, тврдат од српското Министерствто за внатрешни работи за белградски “Ало!“.

Како што пишува весникот, српската полиција пред седум месеци открила дека дваесет и седумгодишникот Прелиќ најверојатно се крие во земјава. Србите велат дека имаат информација дека осудениот убиец во јули лани слетал на охридскиот аеродром “Св. Апостол Павле“, а кратко по него дошол и Милош Радисавлевиќ кој пред два дена беше уапсен во Скопје.

“Ние испративме допис до македонската полиција уште тогаш за двајцата. Кими е уапсен во Скопје во вторникот по судската потрага и испорачан ни е на преминот Табановце околу 19 часот, додека за Прелиќ до ден денеска не добивме никаков одговор од колегите од Македонија, ни потврден ни негативен“, вели изворот од српското МВР за “Ало!“.

Прелиќ, според сознанијата на полицијата во Белград, се движи под лажен идентитет по земјите во регионот и дека местото на престој често го менува.

По Прелиќ потера е издадена уште на 17-ти септември 2009 година откако побегнал по убиството на Французинот од страна на група навивачи на фудбалскиот клуб Партизан во Белград.

За убиството беа осудени 14 навивачи, меѓу кои и Прелиќ, на 35 години затвор, но подоцна казната им беше намалена на 15 по одлука на Апелациониот суд во Белград.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...