Анкета “Дневник“: Се топи довербата во НАТО и во ЕУ

Довербата на македонските граѓани во политиките што во однос на Македонија ја водат ЕУ и НАТО е многу ниска и едвај поминува 50 проценти, покажува анкетата на весникот “Дневник“ што ја спроведе специјализираната агенција “Рејтинг“ од 3 до 7 март годинава на репрезентативен примерок од 1.560 испитаници.



Одговорите, односно процентите се уште поинакви ако се читаат по етничка основа. Како и во поголемиот дел од истражувања и од анкетите досега, Албанците имаат далеку поголема доверба од своите сограѓани Македонците во политиките на ЕУ и на НАТО кон Македонија.



Така, 39 отсто од анкетираните етнички Македонци искажале доверба во НАТО, а 41 процент за ЕУ, додека тој процент кај етничките Албанци е значително поголем - 82 проценти за воената алијанса и 85 отсто за Европската Унија. Ваквите сознанија се добиени во ситуација во која околу 90 проценти од граѓаните на нашата држава се за влез во НАТО и во ЕУ.



Високата доверба во политиките на САД и на Германија кон Македонија резултира со висок процент на позитивно мислење за претседателот и премиерот на овие две високоразвиени земји, Барак Обама и Ангела Меркел.



Истото важи и за лидерот на Русија, Владимир Путин, додека најнегативно мислење нашите граѓани имаат за францускиот претседател Никола Саркози.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...