Стогодишнината од албанското знаме нема да се слави

Скопје, 27 март 2012 (МИА) - Собранието на Република Македонија по неклкудневна расправа денеска ја донесе Програмата за одбележување значајни настани и личности за 2012 година.

Стогодишнината од албанското знаме нема да се слави како државен празник и неговиот ден нема да се одбележува ниту од министерствата, ниту од Собранието на Република Македонија. Во Програмата стои дека 100-годишнината од албанското знаме ќе биде одбележана со свечена академија на Институтот за духовно наследство на Албанците.

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ појаснува дека барањето да се прослави 100-годишнината од албанското знаме произлегува од Законот за употреба на знамињата којшто беше донесен во 2005 година, а во кој е утврдено дека албанското знаме е симбол на албанската етничка заедница во Македонија.

Во текот на неколкудневната расправа опозицијата бараше отстранување на предлозите за одбележување на стогодишнината од албанското знаме и од назначувањето на Мехмет Дерала за министер за одбрана во првата влада на Албанија.

Во Програмата за 2012 се 150 години од смртта на браќата Миладиновци, 20 години од воведувањето на македонската валута денар, пет години од смртта на Тоше Проески. Меѓу предложените годишнини за личности се и 110 од раѓањето на писателите Васил Иљоски и Стале Попов, 100 години од раѓањето на Кирил Пенушлиски, основоположникот на македонската фолклористика, 100 години од смртта на револуционерот Пере Тошев, 70 години од смртта на народните херои Цветан Димов, Мите Богоевски, Стив Наумов, Орде Чопела.

Во текот на претпладневната расправа беше донесен и Дополнетиот предлог за измени на Законот за јавни патишта со кој меѓу другото се предлага при судир на возило со некое животно на патот да се плаќа оштета освен во случаите кога возачот користи пат каде нема патарина, управува со моторно возило, а нема возачка дозвола и кога возилото не е регистрирано.   

Расправата по останатите точки од дневниот ред продолжува по редовната едночасовна пауза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Учителката о прашува Трпе:
- Кој го напиша "Војна и Мир"?
- Не знам учителке, не сум јас.
- Оваа лута му пишува единица, оди кај директорот да му се пожали.
- Замислете оној...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1926.- Во Софија, умре Крсте Петков Мисирков,...
1963.- Катастрофален земјотрес го разурна...
1996.- Република Македонија стана потписничка на...
1996.- Република Македонија и Европската унија...