Најбогатиот човек на светот во Македонија

Скопје, 30 март  2012 (МИА) - Најбогатиот човек на светот, мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим  ќе ја посети Македонија.

Слим, чие богатство според „Форбс“ изнесува 69 милијарди долари, ќе учествува на ИТ конференција во Охрид, што ќе се одржи од 31 март до 2 април. Според најавите, мексиканскиот бизнисмен ќе преседава со состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој формирана од Меѓународната телекомуникациска заедница и УНЕСКО.

На состанокот во Охрид ќе присуствува и висока владина делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, кој треба да има обраќање пред учесниците. На работна  средба со Слим,  премиерот  Груевски и владините економски министри ќе претстават  неколку проекти и инвестиции во информатичкиот сектор, енергетиката, рударството.

- Се надеваме дека дел од тие проекти ќе бидат интересни  за него и ќе останеме во блиски контакти за да може таа деловна соработка да се развие и со надеж дека ќе инвестира во Македонија, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, член на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој две години.

Според Ивановски, Слим досега не инвестирал во Европа, но тој и неговите компании се заинтересирани  да го прошират својот бизнис.

- Како што најави во последното негово интервју во „Њујорк Тајмс“, жално е сите средства што ги има да ги чува за себе и постојано настојува да има прилика да инвестира. Очекуваме дека дел од проектите кои ќе ги презентираме  во секторот што тој го води,   енергетиката, рударството, ќе бидат интересни за него, наведе Ивановски.

Состанокот во Охрид е првпат надвор од вообичаената практика на Комисијата да заседава во канцелариите на ОН во Женева, Париз или Њујорк. Покрај Слим, на него ќе  присуствуваат и нејзиниот копреседавач - претседателот на Руанда Пол Кагаме, како и комисиските членови, меѓу кои и извршните директори на најголемите светски компании кои се двигатели на информатичкото општество како „Интел“ „Ериксон“, „Телефоника“, „Циско“, „Алкател лусент“, „Хуавеј“ и многу други.

Мексиканскиот бизнисмен со либанско потекло Карлос Слим Хелу, инаку претседател на Фондацијата „Карлос Слим“, своето богатство го стекна во секторот на телекомуникациите, а  сега работи и во трговијата, финансиите, суровините и енергетиката. Минатата година стана сопственик на акции во синџирот продавници  „Сакс“ и издавачката куќа  „Њујорк тајмс“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...