Полицијата од Кочани и Виница под лупа

Скопје, 2 април 2012 (МИА) - МВР ќе истражува вклученост на полицајци, судии, вработени во јавната администрација, Управата за јавни приходи и во приватни фирми, во помагање на криминалната група која подолг период оперирала во кочанско-виничкиот регион.

Полицијата во саботата во утринските часови во рамки на акцијата „Детонатор“ приведе 23 лица под сомнение дека се вмешани во повеќе нарушувања на јавниот ред и мир и инцидентите кои се случуваа во овој регион. Основното јавно обвинителство им одреди мерка притвор од 30 дена на 16 лица, од кои двајца се во бегство.

Групата, според сознанијата на МВР, оперирала од мај 2011 година, а информациите за делата што ги вршеле доаѓале од лица блиски на организаторите, кои биле сведоци на тешки кривични дела. Информаторите, како што информира Министерството, не се полицајци, но биле луѓе обучени како да дојдат до докази. Полицијата располага со материјални докази, увид на местата на случувањата, сведоци и изјави од жртви со кои се изведува целата доказна постапка.

Откако биле собрани квалитетни докази, извршени проверки и направени разговори со жртвите, полицијата одлучила да преземе акција за време на маскенбал во дискотеката, со цел доаѓањето на специјалните единици да не биде забележано. За време на акцијата биле затворени сите влезови и излези во Кочани и Виница, а при претресите било утврдено дека многу возила се нерегистрирани, и оти постојат мноштво прекршоци кои до тогаш биле занемарувани.

Утврдено е дека во групата биле инволвирани активисти од политички партии, а полицијата неселективно работи против нив.

Криминалната група преку насилство и агресивно однесување вршеле кривични дела. Тие најпрво отвориле фирма за обезбедување и на сите локали, продавници и сопственици на други стопански објекти им нуделе заштита за сума од 1.500 до 3.000 денари месечно. На оние кои не сакале да платат и не ги прифатиле услугите им ги палеле возилата, им кршеле излози, а во кафуле во кое не ја прифатиле „услугата“, групата се поделила на две групи и глумејќи тепачка го искршиле целиот инвентар, но никој не бил повреден. Следниот ден отишол член од групата кој не учествувал во тепачката и понудил заштита.

Го покриле целиот град и секое место од каде што можеле да земаат пари. Под присила и со закани одзеле два објекти каде што отвориле ноќни клубови каде продавале хероин. Групата отворила кабелски оператор кој зрачи во двата града, а подоцна се проширила и кон Крива Паланка и други помали места и се продолжила да се занимава и со лихварство, кражби по викендици и стопански објекти, а отвориле и простории со игри на среќа. Според МВР, лицата растурале и фалсификувани евра кои ги набавувале од Бугарија и патувале во други држави од каде преку Вестерн Унион ги испраќале, а им биле исплаќани оригинални банкноти на шалтерите во Кочани и Штип.

Луѓе пријавувале во полициските станици, но локалната полиција не ги информирала повисоките структури на МВР, со што вршеле прикривање на кривични дела и прекршоци.

Припадници на МВР ќе останат во регионот се додека не се воспостави мирен живот за населението.

МВР ги повика граѓаните на Кочани и Виница, како и сите граѓани на Република Македонија да пријават случаи на насилство и кривични дела, а доколку се плашат од некој тоа да го сторат во тамошните полициски станици, тоа да го направат во Секторот за внатрешна контрола во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...