Слим воодушевен од гостопримливоста

на македонскиот народ, убавините на регионот

Охрид, 2 април 2012 (МИА) - Воодушевен сум од убавините на регионот, гостопримливоста на македонскиот народ насекаде каде имав можност да остварам контакти во овој навистина кус временски период, изјави мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим на прес-конференцијата по завршувањето на ИТ конференцијата што се одржа во Охрид.

- Немав многу време за повеќе да разгледам, малку знаев за Македонците, знаев нешто за Александар Велики, нешто за историјата за земјата, но простете ми на моите скромни познавања. Дури пред два дена дознав дека Мајка Тереза е родена тука, рече Слим истакнувајќи дека штом ќе има можност повторно ќе дојде во Македонија.

Меѓудругото, мексиканскиот милијардер ја истакна и посветеноста на владиниот тим и активностите што ги презема за развој на земјата.

Преостанатото време од тридневната посета на Македонија Слим ќе го искористи за обиколка на најпознатите културно-историски знаменитости на Охрид.

Најбогатиот човек на светот копретседаваше со Состанокот на Меѓународната комисија за широкопојасен интернет и дигитален развој, што за првпат од нејзиното основање се одржа надвор од вообичаената практика да се состанува во нејзините седишта во Женева, Њујорк и Париз.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...