Финансиската муниција од „Детонатор“ слатка и за насилниците од СДСМ

Дел од криминалната група која со години го тероризирала населението во Кочани и во Виница бил близок и до опозициските политички партии. Покрај членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ, меѓу имињата на приведените водачи на групата во полициската акција “Детонатор“ има и лица кои се членови на СДСМ или имале блиски односи со други опозициски лидери. Меѓу имињата на приведените, како што веќе објавија повеќе медиуми, се и Игор Горановски, Јордан Михајлов, Жан Железарски, Сашо Стојчев и Симон Михајлов. Како што вчера објави телевизијата Алфа, овие петмина биле на врвот од хиерархијата на криминалната структура која буквално владеела во неколку градови во Источна Македонија.

Жан Железарски, од фотографии кои ги објавија телевизијата Сител и интернет порталот Курир, може да се види во друштво на првиот човек на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бранко Црвенковски. Тој во моментов, како осомничен за организирање на криминалната група се наоѓа во притвор. А, во кочанско бил познат како рекетар на СДСМ.

Железарски веќе дебело полициско досие во кое се наоѓаат пријави за насилство, рекетирање, изнуда.

Железарски во штабот на СДСМ заедно со претседателот на ОО на СДСМ Ристо Христов

Зад себе Железарски има и затворска казна од осум месеци изречена од Основниот суд во Кочани, поради насилство. Во овој случај, заедно со него во 2009 година се обвинети и Горан Симеон Михаилов, Сашко Стојчев, Андреј Спасков, Оливер Соколов, Влатко Јованов. Тие во декември 2009-та демолирале кафе бар во центаро на Кочани и повредиле неколкумина од вработените.

Вториот на фотографијата со Црвенковски е исто така еден од водачите на групата – Стојан Трпевски, исто така рекетар на СДСМ. Трпевски беше вмешан и во инцидентот кога беше убиен припадник на полициската единица “Тигар“ во кочанско во ноември 2003-тата година и осуден на шест месеци затвор.

Трпевски и Железарски, добро се познавале и заедно ја воделе групата

Следен кого медиумите го посочуваат како лидер на групата е Горан Божиновски – Цингел. И тој како и Трпевски бил дел од случајот со убиството на полицискиот тигар, но тој подоцна е ослободен поради наводен недостиг на докази. Покрај тоа, Божиновски бил осуден и за друго насилство извршено заедно со Железарски.

Стојан Трпевски и Горан Божиновски

Дел од групата бил и Драган Ристов викан Гано, но тој е во бегство. На јавност и познат бидејќи пред беше осуден на три ипол години затворска казна откако со бомба “кашикара“ се закануваше дека ќе ја крене во воздух дискотеката “Ринг“ во Кочани.

Полицијата во рамките на акцијата “Детонатор“ трага и по Сашко Стојчов – Ш’шкн, инаку телохранител на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски и близок со група рекетари.

На последната фотографија се наоѓаат Симеон Михаилов – Мончо, кој е во бегство, во средината е Јордан Михајлов, кој беше уапсен во полициската акција и притворен и Ш’шкн.

Голем дел од наведените лидери на групата која се сомничи за убиства, рекет, трговија со дрога и насилство,се пријавувани и за предизвикување на инциденти за време на повеќе изборни циклуси. Дел од нив при испитувањата во полиција признале дека им било наредено да го нарушуваат изборниот процес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...