Што сè активираше детонаторот

Скопје, 4 април 2012 (МИА) - Во продолжението на полициската акција „Детонатор“ во текот на вчерашниот ден во Крива Паланка и Кочани биле извршени претреси на неколку објекти, при шти е пронајдена поголема количина апарати за игри на среќа.

Станува збор за близу 200 апарати пронајдени на три различни локации, како и две електронски рулет маси. Дел од запленетите апарати денеска беа презентирани пред министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во касарната во Ѓорче Петров.

Објектите каде се пронајдени апаратите не биле легално регистрирани за приредување игри на среќа, едниот објект е угостителски, вториот магацин на поранешна фабрика „Треска Осогово“, а третиот објект е лоциран на ул.„Маршал Тито“ во Кочани.

- При претресите на објектите пронајдена е и одредена количина оружје и муниција од различен тип. Се работи за околу 250 куршуми и неколку парчиња оружје и со ова практично операцијата беше проширена дополнително и на територијата на Крива Паланка, односно два објекти во кои е извршен претресот се во овој град, а третиот објект каде се пронајдени 37 апарти за игра на среќа е во Кочани, изјави Јанкулоска.

За две лица сопственици на објектите, нагласи министерката, веќе има кривична пријава, односно опфатени се со првичната пријава, едното лице е веќе во притвор, а другото е во бегство.
 
Ако направиме груба пресметка за месечен паушал за aпаратите, потенцираше министерката, би изнесувала најмалку 100 илјади евра месечно за толкав број апарати.

Операцијата „Детонатор“, како и други слични операции, според министерката, најдобро покажува дали криминалот е поддржан од полицијата.

- Полицијата постапува неселективно без разлика од каде доаѓа криминалот и кој е сторител и дали се идентификува до некоја политичка опција. Можам само да им порачам на нашите политички опоненти дека нашата намера е да продолжиме со истото и со уште позасилено темпо, додаде Јанкулоска.

На новинарско прашање дали точката за избор на нов командир во полициската станица во Кочани е симната од дневен ред, Јанкулоска потврди дека тоа е направено на нејзино барање.

- Пред два дена упатив писмо до локалната самоуправа со која го повлекуваме предлогот што претходно беше усогласен во фазата на консултации. Цениме дека е потребно да направиме дополнителни проверки и ќе излеземе со нов предлог до Советот, рече Јанкулоска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...